Исповед на еден чистач на улици: Никогаш не им реков на моите ќерки што работам
Родителите се подтовени да работат што било, само за на своите деца да им обезбедат нормални услови за живот.
Еден чистач на улици чесно ја работел својата работа, но на своите деца никогаш не им рекол со што се занимава, затоа што не сакал тие да се срамат од него. Еве која е неговата исповед.
„Никогаш не им кажав на моите деца што работам. Не сакав тие да се срамат од мене. Кога најмалата ќерка ме праша што работам, неодлучно им реков дека сум работник. Пред да си дојдам дома, се бањам во јавен тоалет, за да немаат никакви знаци за тоа што работа. Сакав моите ќерки да одат на училиште, да ги образувам. Сакав да имаат достоинство. Никогаш не сакав некој да ги потценува, како што тоа го прават со мене. Луѓето секогаш ме понижуваа. Секоја паричка која ја заработував, ја вложував во образованието на моите ќерки. Никогаш не купив нова кошула, затоа што парите ги користев да им купам книги.“
Меѓутоа, дошол момент неговата ќерка да тргне на факултет, а тој немал пари за упис. Тој ден не можел да работи, изгледал како да му се срушува светот. А тогаш колегите со големо срце успеале да ги свртат работите. „Почитта е што сакав да имаат. Јас сум чистач. Ден пред последниот рок за пријава на факултет на моите ќерки, јас не можев да соберам пари за да ја платам школарината. Тој ден не можев да работам. Седев покрај ѓубрето, обидувајќи се да си ги скријам солзите. Не можев да работам. Моите колеги ме гледаа, а никој не прозборе ниту збор со мене. Бев скршен и не знаев како ќе им кажам на ќерките дека немам пари. Роден сум сиромашен. Верував дека ништо добро не може да му се случи на сиромашен човек. По работното време сите чистачи дојдеа до мене, седнеа и ме прашаа дали ги сметам за браќа. Пред да можам да одговорам, во рацете ми ја ставија својата дневница. Кога ги одбив, сите ми рекоа: Ќе гладуваме колку е потребно, но нашата ќерка мора да оди на факултет! Не можев да одговорам, тој ден не се бањав и си отидов дома како чистач. Мојата ќерка ќе заврши факултет. “
Успеал да ги изведе ќерките на прав пат, а начинот на кој денес тие му покажуваат благодарност е нешто што секој родител сака да ги доживее во својот живот.
„Моите ќерки повеќе не ми дозволуваат да работат. Една работи хонорарно, а другите имаат стипендија. Ќерката која работи често оди со мене на моето работно место и ги нахранува сите мои колеги и мене. Тие се смеат и ја прашуваат зошто толку често ги храни. Мојата ќерка им вели: Сите вие гладувавте тој ден, за јас да станам она што сум денес, за мене направивте многу, да можам сите да ве хранам секој ден.“
Сега не се чувствувам како сиромашен. Како може некој да биде сиромашен, кога има такви деца?