Испливаа нови информации во врска со ЗДРАВЈЕТО на водителот Жика – се огласи неговиот пријател
Еве што ќе се случува со емисијата од септември

Откриено и во каква состојба е водителот
Водителот Жика Јакшиќ заради здравствената состојба потполно се повлече, а сега откриено дали се враќа во „Никогаш не е доцна“.
Тој заврши во болница, а му се слоши за време на снимањето на една емисија, заради што не можеше да присуствува во финалето.
Принтскрин/ Јутуб
По излегувањето од болницата редовно оди на терапии, но и работи со логопед како побрзо би го вратил во нормала говорот.
Како што самиот откри неодамна во првото интервју за медиумите, оди и на физиотерапија, па ситуацијата му се подобрува.
Принтскрин/ Јутуб, Ами-џи шоу
Сега во медиумите се огласи и продуцентот на емисијата кој откри дали Жика се враќа на малите екрани од септември.
„Она што можам со сигурност да го кажам е дека ќе биде интересно. Секоја сезона носи своја приказна, суштината на нашето шоу се учесниците кои носат животни приказни и нови песни. Ќе имаме и нов Жика, ресетиран со нова енергија. Ќе имаме и некои нови членови на жирито кои никогаш не биле со нас, што исто така со нетрпение го очекувам“ изјави Иван Вукиќевиќ Ивке, пријател на Жика и главен продуцент на емисијата „Никогаш не е доцна“.
Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна
Како што додаде, Жика Јакшиќ дефинитивно ќе се придружи на стариот тим од септември со што ги израдува гледачите на популарната емисија.
„Тоа прашање никогаш не беше поставено. Секако дека Жика ќе биде во новата сезона. Имаме нов Жика, насмеан, смирен, закрепнат, добар каков што е“ заклучи продуцентот на емисијата за „Гранд онлајн.
Потсетуваме, и самиот Жика неодамна во интервју за српскиот Информер зборуваше кога планира да се врати пред камерите.
Тој не можеше да присуствува во финалето од претходната сезона затоа што заврши во болница, а по излегување неговата здравствена состојба се подобрува, па неодамна и се огласи во медиумите.
Што изјави тогаш водителот, откријте тука.