Испливаа фотки од свадбата на најубавата македонска спортистка – овој мал фраер го украде шоуто
Еве како изгледаше свадбата на македонската каратистка

Невестата преубава, венчаницата фасцинантна
Каратистката Моника Стефановска минатиот септември му кажа „да“ на Илија Мартиноски, кој по професија е тренер по тенис.
Моника тогаш откри и дека е бремена, а на венчавката тогаш носеше куса венчаница со полу-проѕирни детали.
Неколку месеци подоцна, односно во ноември, Моника се оствари во улога на мајка и го роди синот Давид.
Инстаграм
Таа и нејзиниот партнер сега, една година подоцна, на првиот роденден на нивниот син решија да направат и свадбена церемонија.
Невестата блескаше од среќа во белиот фустан и цело време од своето лице не ја тргаше насмевката, а поприлично расположен беше и нејзиниот сопруг Мартиноски во својот елегантен сив костум.
Инстаграм
Сепак во центарот на вниманието беше малиот Давид како и огромната торта на која овој мал шмекер најмногу се радуваше.
Инстаграм
Потсетуваме, Моника важи за една од најубавите спортистки во Македонија, а нејзините фотографии се имаат појавено и на спортски портали надвор од нашата земја, а како каратистка има освоено бројни награди. Првиот интернационален златен медал го освојува на првенството на Југоисточна Европа во 1999 година на само 8 години.
Инстаграм
Таа со карате се занимава од свои 6 години, но исто така е и дипломиран економист на УКИМ, магистер по спортски менаџмент.
Инстаграм
Покрај љубовта кон спортот, таа и како одличен ученик има учествувано и освоено 1во место на државен натпревар по математика, а и неколку пати има добиено признанија за првенец на генерација.
Инстаграм
Таа е родена во Тетово 1991 година, а покрај тоа што е професионален спортист во карате, но и успешна како модел, таа се занимава и со останати спортови како планинарење, фитнес и гимнастика.
Инстаграм
Шампионка во карате е и нејзината сестра, Наташа Стефановска, со која таа често заедно тренира и се мотивира.