Наши ѕвезди

Исплива видео со Тоше Проески што никого нема да остави рамнодушен – еве зошто беше еден и единствен

Најдобриот пејач на Балканот

Advertisement

Незаборавниот Тоше Проески беше еден од најдобрите пејачи и тоа не само во Македонија, туку и многу пошироко.

Немаше песна која што тој не можеше да ја испее со леснотија, па дури и подобро од оригиналот, без разлика дали станува збор за поп-музика, рокенрол, а совршено се снаоѓаше и со оперското пеење.

Advertisement

Тоа впрочем може да се види и од една снимка што неодамна исплива на социјалните мрежи, а на која Тоше пее опера.

Принтскрин/ Инстаграм

Имено, Тоше своевремено беше гостин во една емисија во која што ја изведе познатата арија „E lucevan le stelle“ од операта „Тоска“ на Џакомо Пучини. Ова оперско дело му беше едно од омилените и на Лучано Павароти, еден од најголемите италијански оперски пејачи.

Advertisement

„Сакаш ли да пееш опера“, го праша водителот Тоше.

Принтскрин/ Јутјуб

„Зошто да не? Пред отприлика еден час ја запознав вашата мајка, таа е прекрасна личност. ова е за сите вас, посебно за вашата мајка“, изјави Тоше тогаш пред камерите и доби голем аплауз од публиката.

Слушнете како Тоше своевремено ја испеа оваа прекрасна арија, а потоа како тоа го правеше и легендарниот Павароти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тоше Проески 🇲🇰 (@todor.proeskii)

Еден и единствен

Потсетуваме, Тоше своите почетоци на музички план ги прави како дете настапувајќи на детскиот фестивал „Златно Славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик.

Што се однесува до неговата музичка кариера, Проески ја започнува на фестивалот “Мелфест” каде во 1997 година победува со изведбата на „Yesterday“ на Битлси. Истата година учествува и на “Макфест” со композицијата „Пушти ме”.

Принтскрин/ Јутјуб

Тоше работи со еден од најпознатите македонски композитори и текстописци Григор Копров, соработка која ќе му ги донесе најголемите хитови „Усни на усни“ и „Сонце во твоите руси коси“.

Но во миговите кога Тоше за прв пат требаше да го запознaе светската публика Балканот го стресе ужасната вест – „Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години”!

Бонус видео

Тони Цетински за Тоше Проески

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button