Исплива видео на кое Анета е со победникот од „Ѕвездите на Гранд“ – од времето на Молика, ќе се изненадите
На нејзините настапи секогаш е весело, а пејачката со својот глас знае како да ги стопи гостите

Една снимка што никого нема да остави рамнодушен
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска овој период настапува речиси секојдневно низ клубовите и рестораните во Македонија.
Таа со својата екипа работи со полна пареа цело лето, а овој пат на социјалните мрежи исплива една снимка од нејзин настап од која може да видиме како пејачката ги забавува гостите во еден ресторан.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но покрај нејзиниот глас Анета и овој пат привлече внимание и со својот стас, посебно заради еден детаљ во комбинацијата.
Имено, таа овој пат целосно беше облечена во розови парчиња, па едноставно не можеше да помине незабележано.

Кусото здолниште ги истакна нејзините нозе, а привлече внимание и со својата црвена коса која и е заштитен знак во последно време.
Како изгледаше, погледнете во продолжение:
Принтскрин/ Фејсбук, Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета по разводот од својот поранешен сопруг ја заврши својата соработка со група „Молика“ и продолжи соло.
Но покрај својата соло кариера, настапува и со „Дакапо бенд“, а она што сите го забележуваат кај неа е и нејзиниот нов имиџ.
Принтскрин/ Фејсбук, Анета Љумаковска
Имено, пејачката во последно време се почесто изненадува со своите интересни модни приказни, но и со нејзините фризури.
Така беше и со роденденската фотографија на која е со своите колеги, кои ја изненадија со раскошната торта, додека пејачката ги изненади своите верни обожаватели и со својата нова шик фризура.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Како пејачката изгледаше и тогаш, потсетете се тука, а во продолжение погледнете и едно видео, снимено пред неколку години, а на кое покрај групата Молика и Анета ќе го видите и Никола Станишиќ, победникот од „Ѕвездите на Гранд“ што ја воодушеви цела Македонија.