Исплива стара фотографија од свадбата на Лила – ВЕНЧАНИЦАТА ХИТ, водителката никогаш посреќна!
Нашата Лила нема да ја препознаете во ова изание...

Познатата водителка во улога на невеста
Насмеана и среќна, нашата позната водителка Лила Филиповска во ова издание го кажа своето судбоносно „да“.
Е сега точно е дека ова не и беше прв пат, а искрено се надеваме не и последен, но она што е повеќе од јасно е дека Лила на својата втора венчавка носеше храбра венчаница.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
Имено, водителката за овој посебен ден во нејзиниот живот избра креација со потписот на модната креаторка Сека Радончиќ.
Во прашање е необична креација, а Лила тогаш имаше долга руса коса и ја носеше во високо врзано коњско опавче.
Оваа фотографија самата Лила ја сподели во една пригода, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Позната насмевка, нели?
Потсетуваме, нашата најпозната водителка и неодамна можевме да ја видиме во венчаница, но овој пат не беше вистинска невеста.
Имено, таа во ова издание се појави на еден настан, а фотографиите што ги сподели на почетокот збунија многумина.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Еве ја уште еднаш како невеста
Но Лила откри дека не планира повторно да застане на лудиот камен, туку само да го зачини настанот посветен на идните невести, а многумина коментираа дека и денес би била совршена невеста.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Впрочем за тоа зборува и ова нејзино издание, од пред неколку години, кога сите ги насмеа и со коментарот што го напиша.
Инстаграм/ Лила Филиповска
По трет пат…
„Пролет иде, јас уште немажена“, се пошегува тогаш Лила на своја сметка, но истовремено и воодушевувајќи со ваквиот изглед.
Па, кој од овие три невестински изданија на Лила ви се допаѓа најмногу?