Наши ѕвезди

Исплива стара фотографија од младоста на Џамбазов – девојките го обожаваа, посебно овие неколку

Еве како изгледаше познатиот актер пред 40 години

Advertisement

Нашиот познат актер Игор Џамбазов од мали нозе ја има започнато својата кариера, а досега сме го гледале во бројни улоги.

Но денес малкумина се сеќаваат на една серија која се снимаше во 80-тите години и која беше многу популарна во Македонија.

Advertisement

Станува збор за серијата „Девојките на Марко“ во која Џамбазов ја играше главната улога во своите 20-ти години.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Џамбазов во тоа време бил еден од нашите најбараните млади актери, а во текот на својата уметничка кариера неколку пати ќе биде прогласуван и за Најпопуларното ТВ лице во Македонија.

Advertisement

Неговата прва улога е во серијата „Волшебното самарче“ каде го глумеше Трајче, една од главните улоги во популарната детска серија.

Принтскрин/ Јутуб

Џамбазов во младоста

На социјалната мрежа Инстаграм Џамбазов неодамна сподели една фотографија од неговата младост, а на која е со екипата од култната детска серија „Девојките на Марко“.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Многумина беа воодушевени од оваа објава на Џамбазов, а кај некои предизвика и носталгија за некогашните времиња.

„Ова е дел од актерската екипа на ТВ серијата ‘Девојките на Марко’, снимена во 1986 година“, напиша Џамбазов под фотографијата.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Најголемиот шоумен и „овердоуз“ од блуз

Потсетуваме, Џамбазов покрај својата плодна актерска кариера има напишано и неколку генијални книги (Тоа сум јас, Гол човек, Прирачник за Анти Антиалкохоличари, Приказни од Мјаукедонија, Облечен човек, Умрен Човек, Улица Диши длабоко), а долго време беше и еден од омилените ТВ водители така што потполно заслужено и денес го носи епитетот најдобриот македонски шоумен.

Тој пред две години одбележа и 30 години соработка со Гуру Харе, а многу нивни песни и денес се големи хитови.

Нивното пријателство датира некаде од времето кога Игор ја снимал серијата „Девојките на Марко“, односно од крајот на 80-тите, а по неколку години ќе започнат да соработуваат и на музички план.

„Со мојот Гуру се запознавме некаде 1989-90 година. Тој настапуваше по клубовите со момците од „Банкрот блуз бенд“, а јас сам со гитарата ги свирев најголемите хитови на балканскиот рокенрол“, изјави Игор во една пригода, па го додаде и следново:

Некоја година подоцна настапивме на истиот „Макфест“, тие со „Моја гитаро“, јас со „Време за плачење“, и тука некаде тргна дружбата која круниса со негово гостување на мојот прв албум, каде што отсвири соло за мојот прв блуз што се осмелив да го објавам. „Тие“. И ден денес со радост ја свириме. А текстот е како вчера да сум го напишал. И така почнавме. Ја направивме и „Да си жив и здрав, па Спиро блуз…создадовме бенд и почнавме со концерти. И така 30 години…, откри Џамбазов во една ригода за Гламур магазин.

Целото интервју со Џамбазов прочитајте го тука

Бонус видео

Девојките на Марко

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button