Исплива снимка постара од две децении – ова е една од најубавите патриотски песни на Сузана Спасовска
Пејачката овој спот го сними пред дваесет и кусур години

Беше и остана македонско златно грло
Кариерата на Сузана Спасовска трае речиси цели четири децении и досега има снимено голем број хитови.
Но деновиве еден нејзин спот од 2001 година се појави и се врти на социјалните мрежи и ги воодушеви нејзините обожаватели.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Станува збор за песната „Земјо моја“ која Сузана ја има отпеано во далечната 1998 година на „Гоце фест“.
Таа во тоа време сними неколку песни со патриотска и родољубива содржина, а токму оваа песна ќе остане најзабележана.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Но секако не треба да ги заборавиме и „Роден крај“, „Судбо македонска“ и „Роден крај“ кои Спасовска ги сними во 90-тите.
Како изгледаше нашата кралица на фолк-музиката во тоа време, но и како звучеше овој нејзин хит, потсетете се во продолжение:
Потсетуваме, Спасовска токму со спотот за оваа нејзина песна ја освои и наградата „Спот на годината“.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Она што малкумина го знаат за неа е и фактот дека таа важи за пејачка со најмногу испеани песни за Македонија.
И како што многумина велат за неа, важи за пејачка на која сите можат да и веруваат затоа што пее достоинствено за Македонија, така што нејзините родољубиви песни во кои опева значајни ликови од нашата историја, празници, а најмногу татковината, се едни од најубавите и ќе останат запаметени.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Потсетуваме, Спасовска непосредно пред својот 40-годишен јубилеј кој следува следната година, ја доби и наградата за трајни музички вредности на „Златна бубамара на популарноста“, а многумина веднаш се согласија дека пејачката уште од порано требало да ја земе оваа награда.
„Оваа Златна бубамара ќе се најде во витрините во мојот дом, каде што има уште многу други награди и признанија кои што сум ги добила во овие 39 години напорна, макотрпна работа во музиката. И ќе стои таму на најважното место се до следната“, изјави Спасовска кога ја доби оваа награда, а што откри и за еден од нејзините последни проекти „Терирем“, кој му го подари на народот и со кој никого не остави рамнодушен, откријте тука.