Реклама
Наши ѕвезди

Исплива снимка од местото каде беше убиен младиот пејач – Македонија во шок, еве каде ќе биде погребот

Еден близок пријател на пејачот објави тажна порака

Реклама

Познатиот пејач од Скопје, Ама Исмани, беше убиен во престрелка која што се случи вчера пред полноќ на Пластичарска.

Како што пренесуваат медиумите, најпрво дошло до масовна тепачка, а потоа и до пукање во кое 29-годишниот Амар го изгуби животот.

На Фејсбук страницата на ТВ 21 се појави снимка од овој морбиден настан, а како што досега е познато хоспитализирани се уште две лица кои исто така се повредени со огнено оружје.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Младиот пејач веднаш по инцидентот бил пренесен во болница и хоспитализиран но докторите за жал не можеле да му помогнат.

Маркетинг

Тој почина 45 минути по полноќ, а само неколку часови претходно го објави своето последно стори на Инстаграм.

Имено, Амар беше поприлично популарен на оваа социјална мрежа и на истата објави фотографија од една веселба на која што е со неговата сакана. Пејачот неколку недели претходно објави неколку фотографии на кои се гледа прстенот со која што ја запроси својата девојка.

Фото: Инстаграм

Тажната порака на неговиот пријател

На социјалната мрежа Инстаграм со потресна порака од Амар се збогуваше и неговиот пријател Јетмир Асани.

„Ми ги чуваше мојот грб и јас твојот. Тешко е пријателе. Те гледав како брат. Господ нека не спои на небесата. Ќе се сеќаваме на тебе како на човек со големо и искрено срце. Ја известувам семејството и пријателите дека џеназата ќе биде во џамијата во Чаир, додека погребот во Бутел“, напиша Јетмир на својот Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Потсетуваме, инцидентот најпрво започна со расправија која прерасна во физичка пресметка со употреба на огнено оружје.

Покрај Амар биле хоспитализирани уште две лица. Во 23.45 едно лице било хоспитализирано во Градската болница „Св. Наум Охридски“ и веднаш било префрлено во операциона сала.

Фото: Инстаграм

Последното стори на починатиот пејач

Истовремено, на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се пријавени две лица со повреди од огнено оружје.

Фото: Инстаграм

Последната објава на Инстаграм на Амар од пред неколку недели

Амар Исмани беше познат во музичките кругови во регионот, а неговата смрт ги шокираше неговите колеги и пријатели.

Фото: Инстаграм

Тој стекна популарност со својот музички талент и имаше бројни настапи, а остави голем траг во музичката индустрија на Балканот.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button