Новости

Исплива снимка од настап на брат му на Здравко Чолиќ – ма каква ќебапчилница, ова е гласиште за Ла Скала

Сите знаеме како пее-„растура“ легендарниот Здравко Чолиќ, но досега не знаевме дека и неговиот брат има талент за пеење.

Advertisement

Кога зборува за своето семејство, Здравко Чолиќ често ги спомнува сопругата Александра и ќерките Уна и Лара, но ретко кој знае дека Горан, неговиот брат, има посебно место место во срцето и душата на легендарниот пејач.

Драган Чолиќ е помлад брат на Чола и цел живот му е негова поддршка, особено по смртта на мајката, кога врската меѓу нив стана уште поблиска.

Advertisement
фото инстаграм/Здравко Чолиќ

Драган денес живее во Белград и го води својот приватен бизнис, има ќебапчилница за која, според пишувањата, го откупил рецептот за оригиналните сараевски ќебапи од познат мајстор.

Но, она што неодамна го привлече вниманието на медиумите е видеото на кое се гледа како Драган го зема микрофонот во една кафеана и ја изведува песната „Мене је учило време“.

Токму ова покрена лавина коментари дека покрај физичката сличност со неговиот брат, Драган има и музичка дарба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neno Muric (@neno.muric)

Иако избрал живот далеку од светлата на јавноста, Драган неколкупати бил виден како придружник на својот брат на концерти и прослави.

„Нашите родители направија сè за да нѐ извлечат на вистински пат, мене и брат ми Драган“, своевремено искрено изјави во едно интервју Чолиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button