Огласи
Наши ѕвезди

Исплива никогаш видена снимка со Панчо од ДНК – целиот Балкан во солзи, пријателите се молат за него!

Пејачката му се обрати со емотивни зборови...

advertisement
advert

Сара Јо откри емотивни детали за Панчо

Пејачката Сара Јо објави снимка од својот колега Владимир Блажев попознат како Панчо од ДНК, кој моментално се бори за живот.

Панчо е еден од повредените во страшната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 59 лица.

реклама

Српската пејачка Сара Јо која беше блиска со Панчо, сега сподели на Инстаграм снимка со емотивна порака.

Принтскрин/ Инстаграм

Таа на овој начин му испрати поддршка нагласувајќи дека е со него со цело срце и душа и дека знае дека Панчо лавовски се бори.

Марpкетинг

Принтскрин/ Инстаграм

Таа сподели и снимка од колегата на Панчо, Андреј, кој денес треба да биде погребан на гробиштата во Бутел.

На снимката се гледа како Андреј ја пее нивната најпозната песна „Ако утре ме нема“ која сега, по страшната несреќа, многумина ја слушаат со солзи на очите, скршени од болка и во шок од она што се случи.

Потсетуваме, трагедијата во Кочани што ја зави цела Македонија во црно се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март околу 03.00 часот наутро.

Принтскрин/ Инстаграм

Трагедијата се случи на концертот на ДНК, кога пиротехниката го зафати и запали кровот, по што пожарот се прошири за само неколку минути, а од досегашната истрага, местото имало само една отворена врата.

Принтскрин/ Инстаграм

Принтскрин/ Инстаграм

Покрај Андреј кој загина на лице место во пожарот, и тоа откако се вратил за да им помогне на другите, згасна животот на уште седум млади музичари од групата ДНК. Меѓу настраданите лица од пожарот се и тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски кој исто така беше дел од ДНК.

epp

Принтскрин/ Инстаграм

Во страшната несреќа загинаа најмалку 59 лица, а повредени се речиси 200 кои моментално се наоѓаат на лекување во болници.

Принтскрин/ Инстаграм

Дел од нив се префрлени во Србија, па Сара сподели и апел до граѓаните во нејзината земја во кој се бара крв за повредените.

epp2
Принтскрин/ Инстаграм

Следуваат операции за децата од Македонија. Апелираме на сите да се дарува крв во институтот за трансфузија во Белград со назнака за повредените во Кочани, пишува во објавата на Сара на Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button