Наши ѕвезди

Исплива невидена фотографија од МАТУРСКАТА на Игор Џамбазов – еве каков мангуп бил во младоста

Некои нема ни да го препознаат во ова издание

Advertisement

Фотографија што изненади многумина

Еден од нашите најпознати актери, но и писатели, музичари и шоумени, Игор Џамбазов, веќе со години на многумина им е омилен лик.

Advertisement

Тој редовно се огласува и на социјалните мрежи, па на овој начин ги известува оние што го следат за она што го прави.

Така од неговите објави може да видиме и многу детали од неговиот живот, но и во издание во какво досега го немавме видено.

Advertisement
Принтскрин/ МТВ, Јутуб

Па така Џамбазов во една пригода на Инстаграм сподели и матурска фотографија, покажувајќи како изгледал на својата матурска забава, во бела кошула, бело сако и со вратоврска.

Џамбазов и тогаш имал долга коса, а фотографијата е од пред цели четири децении, односно од 1981 година.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

На фотографијата е и неговата партнерка, а како изгледал Игор во својата младост погледнете од неговата објава во продолжение…

Инстаграм/ Игор Џамбазов

„Кога сум се родил ти веќе со машна си бркал цури“, беше само еден од коментарите под ова легендарно фото на Џамбазов.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Потсетуваме, Игор кого сите го знаеме како актер, водител, шоумен, писател и музичар, не ретко истакнувал дека сакал да биде психијатар.

Тој има завршено гимназија во Георги Димитров во 1981 година, а на ФДУ беше примен во класата на професорот Вукан Диневски.

Принтскрин/ Јутуб

Џамбазов како дете во „Волшебното самарче“

Потекнува од уметничко семејство – мајка му Анче Џамбазова и дедо му Петре Прличко се врвни македонски актери, додека татко му, маестро Александар Џамбазов, е еден од нашите најпознати композитори.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Повеќе за младоста на Џамбазов прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button