Исплива хит снимка со Горан и Ленче Кукиќ што сите ги расположи – Алачки ова нема да им го заборави
Познатиот пар му пееше на роденденот на Горан Алачки – погледнете како сите се забавуваа

Хит снимка со два наши познати парови
Кога Ленче и Горан Кукиќ ќе запеат на некоја приватна веселба, нема некој што ќе остане нерасположен и нема да запее со нив.
Впрочем тоа можевме да го видиме и деновиве кога познатиот музички пар реши со една преубава песна да го изненади познатиот македонски хармоникаш и композитор, маестро Горан Алачки, но и неговата сакана, поранешната водителка Марина Дојчиновска.
Принтскрин/ Фејсбук
Имено, Горан славеше роденден, па во еден момент Ленче и Горан Кукиќ се фатија за микрофонот и направија лом.
Принтскрин/ Фејсбук
Секако дека највесел беше славеникот, но и неговата сакана, Марина Дојчиновска, а како сето тоа изгледаше, погледнете во видеото.
Принтскрин/ Фејсбук
Повеќе за роденденот на Горан Алачки прочитајте тука…
Потсетуваме, Ленче Кукиќ веќе цели три децении е присутна на македонската музичка сцена, а по победата во „Никогаш не е доцна“ од пред неколку години стана популарна и на целиот Балкан. Таа неодамна во интервју за Гламур се потсети на времето кога ја започнала својата музичка кариера, откривајќи дека со тој возрасен музички свет се соочила уште на 15 годишна возраст.
„Година по година се нанижаа 30 години од мојот почеток со првиот мој настап на „Цветници“ 1994 година кога ја испеав „Барај око мое“ на веќе покојниот Драги Митев. Но јас би рекла дека мојата кариера започна малку порано, од 1991 година кога како дете кое имаше едвај 15 години се соочи со еден возрасен свет одеднаш“, ни откри тогаш Ленче.
Целото интервју со Ленче Кукиќ прочитајте го тука …