Наши ѕвезди

Исплива фотографија од Андреј и Тоше Проески која ги расплака сите: „Сега заедно пак ќе се смеат“

Стара фотографија која натажи многумина....

Advertisement

Македонија завиена во црно

Нема граѓанин во нашата земја, па и во регионот што не сочувствува со страшната болка на семејствата на трагично загинатите.

Advertisement

Во несреќата што се случи во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а повеќето од нив млади пред кои тукушто требаше да биде животот.

Во несреќата загинаа и речиси сите членови на „ДНК“ освен пејачот Владимир Блажев Панчо кој е во свесна состојба и е префрлен во Систина, како и Ана Костадиновска, која пееше придружни вокали во бендот. И додека неутешните семејства на трагично загинатите не можат да се помират со огромната загуба и поминуваат низ агонија, на социјалните мрежи пријателите и колегите се збогуваат од жртвите и изразуваат сочувство до оние што ги изгубиле своите најмили во трагичниот настан во Кочани.

Advertisement
Инстаграм

Па така на една страница на Фејсбук во сеќавање на пејачот Андреј Ѓорѓиески од „ДНК“ кој исто така е еден од настраданите во несреќата, објавена е една стара фотографија заради која многумина пуштија солзи.

Имено, на социјалните мрежи се појави стара фотографија на која Андреј е заедно со уште една наша голема музичка легенда која исто така предвремено не напушти.

Инстаграм

Станува збор за слика на која Андреј е заедно со Тоше Проески, а на која се гледа како тие си прикажуваат нешто и се смеат.

Една слика 1000 зборови. Андреј ДНК и Тоше Проески, пишува во описот на оваа објава што беше споделена на Фејсбук страницата „Ретро ризница – македонски медиуми“.

Инстаграм

„Таму некаде сега заедно пак ќе се смеат“, „Почивајте во мир ангели“, „Најдобрите не знаеме да ги сочуваме“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи под фотографиите на кои се Андреј и Тоше.

Инстаграм

Потсетуваме, Андреј Ѓорѓиески, еден од вокалите во ДНК, трагично настрада во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Како то потврдија негови блиски пријатели, Андреј успеал да е спаси од огнот, но решил да се врати во клубот за да им помогне на другите.

Инстаграм

Тогаш се срушил кровот, по што Андреј починал на лице место (повеќе за ова прочитајте тука).

Инстаграм

Тој беше идентификуван по неговиот часовник од неговата сопруга Наталија, а зад себе ја остави 10-годишната ќерка Јана.

Инстаграм

Во страшниот пожар во дискотеката во Кочани загина и тапанарот на бендот, младиот Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица, потоа клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот на бендот, Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот, Игор Велков, како и битбоксерот Мартин Атанасовски.

Господ нека им ги отвори рајските порти и нека почиваат во мир….

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button