Потребни се: зелка, цвекло, морков, зелени зачини, лимонов сок, масло
Подготовка
Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковот во однос 3:1:1. Додадете зачини по ваш избор (магданос, целер, мирудија) Изгмечете го зеленчукот да пушти сок. Додадете малку лимонов сок и по желба, за пикантен вкус, во салатата можете да додадете пасиран бел лук. Зачинете со мало количество масло (се препорачува масло од лен или маслиново) .
Салатата не треба да ја солите, а ако не можете да се откажете од солениот вкус, користете соја сос, кој содржи поприлична количина сол и го подобрува вкусот на храната, а има и високи нитритивни вредности и не е штетен по здравјето.
Но, треба да имате на ум и дека кај ниска киселост во желудникот нутриционистите советуваат дека е подобро да користите кисела зелка.