Наши ѕвезди

Испаднаа првите 8 финалисти – Македонецот НИКОЛА СТАНИШИЌ продолжува во трката за победа

Никола останува во игра, гласањето продолжува

Advertisement

Неизвесно до крајот на првиот пресек

Единствениот претставник од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, ги воодушеви сите со својот прв настап.

Advertisement

И публиката и жирито беа воодушевени од неговата одлична интерпретација на македонски јазик, посебно кога се качи на тапаните додека ја пееше познатата песна „Ќе ти дојдам“ од Спасен Сиљаноски.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Насмеан како и секогаш ги крена сите на нозе со својот настап, а гласачите го наградија со голем број пораки.

Advertisement

Имено, во првиот пресек се броеја гласовите и од минатата сабота, како и од денес, а Никола помина во следниот круг.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Водителот Воја Недељковиќ меѓу последните го прочита името на Никола, така што беше напнато до самиот крај на првиот пресек.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но како што изјави Воја, редоследот по кој ги чита оние што продолжуваат нема никаква врска со бројот на гласови.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Никола е во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а таа претходна сабота не беше на снимањето.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа тогаш имаше концерт во Ниш, а по концертот за медиумите изјави дека и оваа сабота нема да биде присутна.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но Цеца во последен момент реши да ја промени одлуката, а повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button