Рибите се нежни и чувствителни и знаат искрено да сакаат. Овој знак ќе ви ја даде душата на свој начин. Рибите најдобро умеат да ви покажат како се сака…
Личностите родени во овој хороскопски знак знаат како да сакаат и тоа е навистина за пофалба. Тие имаат прекрасна душа и сакаат на сите да им се најдат во неволја и да им помогнат. Кога некој ќе ви го сврти грбот, обратете ѝ се на Рибата, таа ќе ви биде рамо за плачење во секое време. Рибите ви се доказ дека постојат личности кои знаат да сакаат несебично. Оние кои не ги познаваат доволно луѓето родени во овој хороскопски знак, велат дека се слаби и дека не знаат што сакаат, но вистината е сосема друга.
Тие се во состојба да ви ја подарат сета своја љубов и токму тогаш се најсилни, па дури и ако цел свет се сврте кон вас, Рибите ќе ви бидат ѕид кој секогаш ќе ве бранат. Кога една Риба ќе се заљуби, тогаш за саканата личност може да направи се’. Може да се каже дека не постои ни најмала шанса овој знак да ве изневери. Не знае да ве издаде и ќе ви ја каже вистината ако знае дека со тоа нема да ви го скрши срцето. Овој знак е верен и го слуша своето срце. Дури и ако издадете една Риба, може да бидете сигурни дека таа нема да ги открие вашите тајни пред сите…