Речиси во секој дом после Велигден останвуаат варени јајца, а домаќинките бараат решение како да ги искористат. Денес ви прикажуваме 2 рецепти со варени јајца кои се прават доста лесно, а вие и вашето семејство ќе ги обожавате.
Ница салата
Потребни состојки:
- 1 варено јајце
- 1 домат
- 1 краставица
- 1 пиперка
- една туна конзерва
- неколку црни маслинки
- 1 главица кромид
- малку зелена салата
- маслиново масло
- лимонов сок
- сол и бибер
Начин на подготовка:
Исечете ги јајцето и доматот на кружни парчиња, краставицата на коцки, пиперката и кромидот на тркалца. Зелената саалта исецкајте ја на мали листови. Измешајте ги сите состојки, зачинете со маслиново масло, лимонов сок, сол и бибер, па додајте ги и маслинките.
Салата со варена шунка и јајца
Потребни состојки:
- 3 варени јајца
- 250 грама варена шунка
- 1 рендан морков
- 100 грама варени макарони
- Прелив од мајонез, павлака и сенф
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
Белките исечете ги на коцкички, а жолчките изрендајте ги па помешете ги со парчиња варена шунка. Додајте ги и сварените макарони, па сето тоа зачинете го со прелив од мајонез, павлака и сенф. Зачинете по желба со сол и бибер, па додајте и рендан морков. Може да декорирате со босилек или магдонос.