Храната што ја внесуваме може да има големо влијание на плодноста.
Здравата храна влијае на шансите за зачнување кај жените и го зголемува квалитетот и количеството на сперма кај мажите. Затоа на партнерите кои се трудат да добијат дете им се препорачува да се исхрануваат правилно, и тоа и двајцата партнери, а следниве намирници додатно ќе ги зголемат шансите за забременување.
За жени:
Вода – Сите треба да настојуваме да внесуваме доволни количества на вода во организмот бидејќи водата е важна за одржување на сите животни функции, вклучувајжи ја плодноста
Протеини – Природни извори на протеини како јајца, риба, месо, зрнест зеленчук
Тофу – За зголемување на плодноста се препорачува во исхраната да внесете тофу додека за сојата на пример, мислењата се поделени – некои стручњаци ја препорачуваат како извор на протеини, додека други тврдат дека треба да се избегнува поради благото контрацептивно дејство.
Интегрални житарки – Сложените јаглехидрати од житарките помагаат да се одржува здраво ниво на инсулин што е важно ако се обидувате да забремените.
Зеленчук и свежо овошје – Ова се најважните намирници кои обезбедуваат хранливи материи и витамини кои се неопходни за зачнувањето и одржувањето на бременоста.
За мажи:
Вода – Како и за жените така и за мажите кои сакаат дете водата водата е од суштествено значење.
Протеини – Исто така, на организмот му се потребни многу протеини.
Домати – Иако е важно да се јаде секакво овошје и зеленчук, доматите посебно се нагласуваат бидејжи истражувањата покажаа дека доматите го помагаат создавањето на поактивна и поподвижна сперма, што ги зголемува шансите за бременост.
Сок од портокал – научниците велат дека сокот од портокал го подобрува квалитетот и количеството на спермата, па треба да се пие барем една чаша дневно.
Органска храна – хемикалиите и пестицидите кои ги содржат намирниците одгледани на вообичаениот начин можат штетно да влијаат на квалитетот на спермата.
Исто така, треба да ги земете во предвид и следниве работи:
· Избегнувајте алкохол
· Консумирајте кофеин во умерени количини
· Внимателно со рибата бидејќи иако содржи омега 3 масни киселини, рибата содржи и жива
· Ако имате обилни циклуси зголемете го внесот на намирници богати со железо
· Најважна од се е умереноста бидејќи постојат многу поделени мислења и различни совети за тоа што е добро а што не за зголемување на плодноста. Не треба да претерувате со ништо бидејќи она што некои стручњаци го препорачуваат други можат да велат дека е штетно, така што најважно е да имате урамнотежена и здрава исхрана без претерување во ништо.