Реклама
Нега и здравје

Што да јадете после вежбање?

Реклама

Начинот на исхрана после вежбањето е еден од најважните елементи во исхраната која се базира на одреден режим.

klopapos1

Вашата цел е пo тренингот да поттикнете анаболички процес, односно изградба на мускулите со внесување на неопходните прехранливи материи. 

Маркетинг

Прво нешто кое треба да го направите е непосредно по тренингот да го зголемите нивото на гликоген во крвта. После тренингот, тој паѓа, поради што телото почнува да ја зема енергијата од мускулите. А да го спречиме тоа, треба што побргу да се пополнат резервите на гликоген.  

klopapos2

Маркетинг

Многу брз ефект се постигнува со медот! Медот се апсорбира во телото многу бргу и ги пополнува резервите на енергија. Доволни се ви две лажици, додека долгорочно надополнување се остварува со јаглехидрати. 

Квалитетни јаглехидрати се клучни во ’заздравувањето‘ и обновувањето на мускулите по добар тренинг. Тие го поттикнуваат создавањето на инсулин, кој заедно со хормонот за растење и тестостеронот се клучни за обнова на ткивото на мускулите.

По самиот тренинг се препорачува да се земе 1 до 1.5 грам јаглехидрати на 1 килограм телесна тежина. Значи, на 80 кг. тежина потребни се од 80 до 120 грама јаглехидрати. Непосредно после тренинг, процесот на протеинска синтеза, која ја овозможува градбата на мускулите, е драстично забрзана.

Во тој временски период, телото може максимално да ги искористи нутритивните вредности, внесени преку храната. А кога ќе се земе в предвид дека класичните протеински намирници како белото месо, туната или посното сирење, не реагираат така бргу. Затоа најдобро е да се испие протеински шејк, кој ќе ги задоволи потребите на организмот за протеини во тој период. Во зависност од телесната маса, просечно се консумира од 30 до 50 грама протеини.

klopapos3

Рехидрацијата е подеднакво важна, како и внесувањето на квалитетни нутрити. Имено, пиењето вода во текот и после тренингот, ја надоместува изгубената течност преку потењето и ја забрзува испораката на кислород и хранливи материи по пат на крвотокот во мускулите. Недостатокот од вода во организмот предизвикува недостаток од сила за вежбање.

Витамините и минералите се исто така пресудни за регенерација на вашето тело. Посебно витамините Ц и Е, кои имаат својство на антиоксиданси, затоа што на себе ги врзуваат слободните радикали, односно го чистат организмот од отпадните материи.

klopapos4

А за да ефектот биде комплетен, после тренинг, додека мускулите се се уште загреани, се препорачува да се истегнете добро, а после оброкот, одморете и на тој начин дозволете му на телото во целост да се регенерира.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button