Настан кој треба да го посетите денес – Ирина Тошева ќе ја претстави спортската колекција за Цеботекс
Колекција на спортска гардероба која ја потпишува дизајнерката Ирина Тошева за македонската фабрика „Цеботекс“ денес ќе биде презентирана на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар (зад Владата на РМ) .
Спортската колекција под името „Cebotex activewear by Irina Tosheva “ е реализирана во рамките на проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации. Проектот е дел од бизнис програмата на последната дванаесетта сезона на Моден викенд Скопје, која резултираше со соработка помеѓу македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“ и дизајнерката Тошева која работеше на колекцијата неколку месеци . Ова е прва соработка на оваа фабрика со дизајнер, но, како што вели и самата Ирина, ова е прво искуство и за неа од ваков вид. „Ме радува дадената доверба, широко отворените врати и прекрасните вработени таму од кои многу научив. Сето ова е едно одлично искуство“ изјави Ирина неодамна за нашиот портал.
Парчињата од колекцијата ќе бидат веднаш достапни за продажба во ателјето на дизајнерката Тошева како и на веб страниците www.bastetnoir.com и www.irinatosheva.com. Настанот е од отворен карактер и ќе можат да присуствуаат сите заинтересирани.
Фото Ани&Дими | Графички дизајн Анита Гај | Моден дизајнер Ирина Тошева за „Цеботекс“ | Кастинг Виктор Цветановски | Шминка Јована Коциќ | Фризура Студио Cool Cut | Модел Александра Наумова/ модна агенција „Подиум“ | Продуцент Света Богова- Јовановска.
Колекцијата ќе биде презентирана во среда, 10ти февруари, со почеток во 11.30 часот, на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар (зад Владата на РМ). Настанот е од отворен карактер и може да присуствуваат сите заинтересирани