Ирина Тошева е македонска дизајнерка родена во 1989 година.
LABEL OVERVIEW
По завршување на студиите на Академија Италијана во Скопје Ирина го продолжува образованието во седиштето на Академијата во Фиренца. Таму работи на бројни проекти како асистент на нејзиниот ментор Лучо Антонучи меѓу кои и подготовките за саемот “Pitti Imagine Filatti” во 2011та на фабриката за производство на текстил, материјали и конци „Monticolor Filatti”. Во Фиренца ја преставува и својата магистерска колекцијата “Make a statement without saying a word” пред бројна публика од модниот свет, а веќе за сезона пролет/лето 2012 се појавува и на Модната недела во Скопје. Од тогаш учествува во скоро сите поначајни модни случувања во државата и во регионот, а со нејзината колекција за пролет/лето 2013 ја започнува соработката со првата македонска онлајн продавница за дизајнерска облека Bastet Noir (bastetnoir.com)
Таа е мотивирана, полна со енергија, креативна со одлични комуникациски вештини, посветена секогаш на пронаоѓање на подобри решенија. Поседува огромна пасија за уметност, облека и размислува надвор од кутијата. Позната е и како голем активист во невладиниот сектор, ко-основач и директор на „Млади за љубов„ организирајќи разни хуманитарни проекти.
lookbook » |