Реклама
Интервју

Ирена Спировска 20 години не каснала месо, а во Словенија пробала нешто што никогаш нема да го заборави -ИНТЕРВЈУ

Нашето поднебје изобилува со супер квалитетно овошје и зеленчук и јас едноставно уживам во боите и аромите на растителната храна, вели водителката.

Реклама

Водителката Ирена Спировска веќе две децении е вегетаријанец. Таа не јаде месо и не само што не и претатсвува проблем туку ваквиот начин на исхрана и годи. Таа е космополит, жена која постојано шета, во друштво е со многу луѓе, а и професијата и овозможува да запознава нови личности, на настаните на кои што оди да проба специфична кујна итн.

Поразговараме со неа околку тоа како се снаоѓа во кујната, што ѝ е омилено јадење.

Во нашата рубрика -ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА овој пат се дружиме со прекрасната Ирена.

Маркетинг

Уживајте.

Маркетинг

 

1. Дали сакате да готвите?

Готвењето многу повеќе го доживувам како обврска, одколку како задоволство. Единствено подготвувањето на разни комбинации од свежи салати ми причинува секојдневно задоволство и ритуал во кој вистински уживам.

2. Што најдобро знаете да зготвите? Дали сте брзи или бавни во кујната?

Сакам да спремам едноставни јадења кои не бараат многу подготовка и кои не одземаат многу време.

Речиси 20 години сум вегетаријанец, така што готвењето најчесто го сведувам на подготовка на јадења од зеленчук, риба и тестенини, па токму овие јадења и знам најдобро да ги приготвувам.

 

3. Кој е најкомплицираниот рецепт што знаете да го направите?

Сарма! Не е толку комплицирано да се направи, но сепак бара малку повеќе време.

4. Кое ви е омилено јадење?

Рижото, лосос, гравче и сите можни комбинации на свежи салати.

5. Што преферирате повеќе благо или солено?

Солено. Благо се трудам да избегнувам. Кога имам потреба од благо конзумирам темно чоколадо.

6. Има ли нешто што не јадете? Зошто?

Месото одамна го нема на моето мени, поради тоа што многу повеќе ми годи вегетаријанската исхрана. Нашето поднебје изобилува со супер квалитетно овошје и зеленчук и јас едноставно уживам во боите и аромите на растителната храна.

7. Кое е најубавото нешто што сте го пробале од храна?

Крем супа од лук сервирана во чашки направени од интегрално тесто, предјадење кое го имам пробано во ресторан во Словенија, вкус кој нема никогаш да го заборавам.

8. На кој начин најчесто ги откривате рецептите?

Благодарение на интернетот лесно ни се достапни најразлични рецепти, но и практични и корисни совети за спремање храна .

Дали сакате да ескпериментирате во кујната или се држите за традиционалната кујна?

Не сакам да експериментирам во кујната и затоа користам проверени рецепти ( најчесто од нашата традиционална кујна.)

9. Дали во Македонија има добра храна? Кој е најдобриот македонски специјалитет?

Македонија има исклучително убава и вкусна храна , изобилие од вкусови, бои и мириси какви што ретко каде има! Македонскиот ајвар, пинџурот, питите, сирењето, македонското гравче тавче се ненадминливи…

10. Дали знаете да се опуштите со нездрава храна? Што јадете од „забранетото“?

Симит погача ми била слабост од секогаш. До ден денес ми се случува одвреме навреме да појдам до познатата ФУРНА во Чаир во доцните ноќни часови да си купам и со сласт да си изедам топла симитка со јогурт.

Пица со четири вида сирење ми е исто така омилена и покрај тоа што е од листата за брза и многу калорична храна.

11. Дали консумирате алкохол?

Сакам да се напијам чашка ракија во комбинација со салата или чаша вино во комбинација со главниот оброк или со вечерата. Други алкохолни пијалоци не конзумирам.

12. Кој ви е омилен пијалак?

Бело суво вино од нашето поднебје.

13. Што би одбрале ручек со пикник, ручек во елитен ресторан или нешто трето?

Мој избор дефинитивно е пикник ручек некаде во зеленило на планина и на чист воздух….

 

РЕЦЕПТОТ НА ИРЕНА СПИРОВСКА

Рижото со печурки е еден од моите омилени рецепти.

Свежи печурки се сецкаат и кратко се запржуваат на малку масло во тавче во кое потоа се додава оризот. Откако ќе се пропржи и оризот се посипува со врела вода во сооднос 3:1 , се додава ситно сецкан морков, целер, зачини и сув вргањ за вкус. Се остава да проврие на тивок оган неколку минути, потоа се трга од оган и се остава да отстои во покриен сад половина час. Лесно, брзо и вкусно. Одлично оди со чаша бело вино.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button