Ирена ја „сплете“ Моника Белучи – иста како во „Малена“, а фустанот ѝ се соблекува (фото)
Плетените куклички никогаш не излегуваат од мода, а кукличките на дизајнерката Ирена Трпеска се навистина фасцинантни.

Овојпат Ирена Трпеска, која стои зад фејсбук-профилот Плетени куклички, пријатно нè изненади со дизајниран модел на кукличка која личи на Моника Белучи.
„Ја плетев по слики од филмот Малена кој ми е омилен нејзин филм. Се потрудив освен убавината да ја доловам и нејзината грациозност, мистериозност и тага.. крајниот резултат излезе подобро од што очекував, многу му се допадна и на порачателот па еве ви ја претставувам и вам“, напиша дизајнерката и додаде:
„Ова е колекционерска кукла, има жичана основа и фустан по мерка што се соблекува.
Во прилог со неа замина и едно кученце плетено по слика, тоа ми е прва изработка со “бушав” конец“.
Инаку, Ирена изработува и куклички што можат да личат на вашите дечиња, па еве ви идеја за одличен, забавен и едукативен подарок кој секогаш мотивира и инспирира.