Претставниците на посилниот пол сакаат кога жните доле се средени, малку потскратени и чисти.
Некои мажи сакаат да видат само триаголник кој е уредно потсреден и не ѕирка низ гаќичките, додека некои други пак, се возбудуваат од природниот изглед. Како и да е, кога ќе легнете со вашиот партнер во креветот бидете свесни дека мажите посветуваат големо внимание на вашето интимно подрачје. Па за да го заведете вашиот сакан, прочитајте кои интимните фризури можат најмногу да ги возбудат претставниците на посилниот пол.
Иако жените во најголем број од случаите се депилираат, односно прават бразилска депилација, и постојано се мачат со „фризурите“ како би се чувствувале што посигурни во креветот, тие сега можат да се опуштат бидејќи поголемито дел од мажите сметаат дека природниот изглед кај жените е најдобар и најубав.
Мажите кај жените најмногу сакаат кога тие се средени, малку потстрижени и чисти. Некои сакаат интимната фируза да има облик на триаголник, додека некои други пак облик на срце. Дефинитивно најомразена фризура е со облик на квадрат.
Па, драги дами, одберете ја вистинската интимна фризура и израдувајте ги вашите сакани, но и самите себеси.