Интимна свадба во Шпанија – Столе Димитриевски и Ирина ја крунисаа својата љубов (Фото)
Advertisement
Естрада1 час ago
Столе Димитриевски со избраничката Ирина / Фото: Инстаграм/Столе Димитриевски
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговата избраничка Ирина запловија во брачните води. Двојката приреди мала, но стилска венчавка во Шпанија, земјата каде што Столе живее и игра професионален фудбал.
За големиот ден, Ирина избра сатенски фустан кој совршено ја истакнува нејзината силуета, а комбинацијата ја надополни со бела крзнена наметка и бидермаер од рози – нежна и елегантна како што доликува на вистинска невеста.
Advertisement
Столе, кој е познат по својот моден вкус, овој пат се појави во класичен црн костум со два реда копчиња и беспрекорно бела кошула.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .