Реклама
Интервју

„Македонките негуваат модерен стил соодветен за времето во кое што живееме“

Реклама

Бјути интервју со Васе Доковски, VD Make Up

Kако започна твојата приказна со шминките?

Дизајнот и модата отсекогаш ми биле инспирација и ја буделе креативноста во мене. Сметам дека креативноста не може да се научи, можат да се научат техники на оформување, искажување и пренесување на истата во материјалниот свет. Јас мојот изострен вкус и целосна персона ја оформив со моето повеќегодишно школување во Милано како дизајнер на ентериери. Шминката е совршениот спој на мода, дизајн и сликарство, па затоа и ја одобрив оваа сфера на работа. Јас сум самоук шминкер, што само е доказ дека креативноста заедно во комбинација со напорната работа може да направи чуда.

Маркетинг

Сега си сопственик на VD Make Up. Дали еден таков чекор е голем предизвик за кај нас?

Нашата земја генерално е под директно влијание и пропаганда на естетика на сите соседи околу нас. Јас се трудам со „VD Make Up“ да излеам од тие граници и постојано целам кон тоа – да ги инспирирам и едуцирам нашите девојки за тоа што навистина е модерно во однос на шминка на светската модна сцена.

Маркетинг

Навистина имам огромен позитивен „feedback“ и се посилно стојам на тоа дека во Македонија има многу девојки кои негуваат модерен, cool стил кој е соодветен со времето во кое живееме.

Не може да не ја споменеме твојата долгогодишна соработка со Drama и Ивана Кнез. Дали и колку како креативци се надополнувате во работата?

Ивана Кнез е бесконечно креативна персона, која најпрво ја сакам и почитувам како таква, без разлика на брендот „Drama“ и „Lovecats“ и нашата целосна соработка. Поради нашата секојдневна дружба, јас ја гледам Ивана Кнез како Ивана пред се, која е една интелигентна, скромна девојка која е полна со креативни идеи. А освен тоа, Ивана беше и единствената која ми ги отвори вратите на „Drama Studio“, ми помогна да се вклучам во македонската сцена како мејкап артист и засекогаш ќе и бидам благодарен за тоа. Освен што се надополнуваме со идеи, постојано разговараме за разни бизнис стратегии и насоки и имаме одлична и хармонична соработка.

Веќе неколку години држиш курсеви за професионална шминка во „Кариера плус“. Како се пронаоѓаш во улогата на предавач?

Со кариера и Марина Мацка соработувам веќе 5 години, од самите почетоци на школото за креативни курсеви. Улогата на предавач ми доаѓа многу природно, немам проблем со комуникација, организација и анимација на група луѓе, посебно кога се заинтересирани за областа за која зборуваме. Кај нас има многу талентирани, млади шминкери, на кои им треба само малку помош и точна насока за да изградат успешен бизнис кај нас.

Може ли да споделиш некој совет за нашите читателки?

Доколку сакате да внесете моливче за очи на внатрешната, водена линија на окото и притоа сакате да останете таму во текот на целиот ден, слободно откако ќе го поставите, фиксирајте го со малку сенка за очи во соодветна боја. На ваков начин крем продуктот ќе остане на истото место во текот на целиот ден.

Во моментов ја работиш кампањата на „Max Factor“ во Македонија со моделите Елена Реи и Антонија Локвенец. Кажи ни малку за тоа? 

Најпрво сум благодарен на „Max Factor“ и Еликсир Парфимериите што му дадоа можност на еден млад артист како мене, целосно да ги искаже својата креативност и идеи. Имаме успешен проект кој го работевме со Елена Рие и Антонија Локвенец, кои се ѕвездите на кампањата и особена чест ми беше што всушност ваква кампања се работи за прв па во Македонија. Креирав свежи и носливи изгледи, кои секоја девојка би можела да ги изработи дома.

Во моментов во јавност е излезен само дел од материјалот, па затоа не би откривал многу, ќе оставам времето и коментарите да го направат своето. Можам само да кажам дека добриот тим, позитивната енергија и напорната работа ја направија оваа кампања толку квалитетна.

Што е најважни кога е нега за лице во прашање?

Негата на кожата е многу важна. Редовното чистење, секојдневната хидратација, добрата исхрана и физичката активност е минимумот кој треба секој од нас да го направи. Што се однесува пак за подолготрајна шминка и полесно нанесување на истата, најдобро е да се користи природно арганово масло за сите оние со сува кожа, а и добар прajмер e за оние на кои кожата им се мрси во текот на денот.

Што мислисш дека е клучно за добра шминка? Во кои продукти вреди да се инвестира?

Според мене клучот на добрата шминка е балансот. Миксот од квалитетни продукти, технички добро нанесени, на вистинските места, со точна идеја, прави една шминка да изгледа совршено.

Дали има некоја позната личност чија шминка твоите клиенти сакаат да ја имитираат?

Катарина Ивановска е омилена меѓу моите клиентки, а да бидам искрен омилена за работа ми е и на мене. Се восхитувам на нејзината професионалност и секогаш ги слушам нејзините совети, за кои сум посебно благодарен. Таа има огромно искуство во тој бизнис и е вистински инфлуенсер кај нас.

Што е следно за VD Make Up?

Во моментов се подготвувам за мојата голема LIVE презентација на претстојниот Fashion & Lifestyle Expo event во Македонска опера и балет. На 23 Март во 17.00 часот ќе презентирам еден од моите препознатливи изгледи на шминка, за кој знам дека многу девојки би сакале да дознаат нешто повеќе. Ги поканувам сите ваши читатели да дојдат да се дружиме, а воедно и да научат нешто повеќе и да ја подобрат нивната секојдневна рутина на шминкање.

 

Фото: Ерина Богоева

Поврзано

Back to top button