Реклама
Интервју

Интервју со Златко Јовановски: Не откажувајте се од соништата, па и цел свет да се сврти против вас!

Реклама

Пред неколку дена се одржа модната ревија на Златко Јовановски во кафулето „Old town“ во Старата чаршија.

Младиот и полетен моден дизајнер го зацврсти своето име на модната сцена со ревијата „Аплауз“ во која учество земаа 11 модели.

Маркетинг

Многумина го осудуваат неговиот  имиџ но, според други пак, тој е вистинско освежување на македонската сцена. Кога станува збор за мода, Златко е еден од најконтраверзните уметници во Македонија . Тој е посебен и уникатен, озборуван и почитуван и екслузивно за нас најде време и одговори на нашите прашања.

Маркетинг

Голема благодарност Златко што најде време за нас, па да почнеме. Какво е чувството да се биде најконтраверзниот уметник во Македонија ?

 ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: 

Ви благодарам и на вас што ме поканивте на интервју. Иако навистина сум зафатен многу периодов затоа што ме чекаат уште два проекти овој месец, кои морам да признаам дека се помали, но како вистински професионалец посветен сум до крај. Но како и да е – секогаш ке најдам време за вас.

Искрено јас не се доживувам како контраверзен, за себе сметам дека сум сосем една необично нормална личност на кој животот и секојдневието му се модна писта и живее 24 со модата и за модата и уметноста. Но затоа што сите како и тука така и надвор ме карактеризираат како контраверзна личност морам да признаам дека се чуствувам многу гордо, тоа за мене е уживање и еден огромен комплимент. Исто така е доста интересно и никогаш не ми е досадно, апсолутно никогаш.

Ти си уметник што нема табуа, што им препорачуваш на сите млади креатори кои те обожаваат, еве во Македонија?

 ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: 

Јас како еден млад дизајнер кој што во животот ништо друго не прави освен тоа што си ги следи својте сонови би им порачал на сите малди дизајнери, на сите млади креативни луге и уметници кој што се на почетокот на својата кариера, на сите кој што ме сакаат а и на оние другите кој ме обожаваат и завидуваат – да имаат јасно зацртана цел, никогаш да не се сомневаат во себе, да не се откажуваат макар и целиот свет да се сврти против нив, да имаат огромна самодоверба, високо его, да чекорат по улиците и сите да го слушнат ѓонот на нивните чевли бидејќи за нас тоа треба да е нешто највазно во животот – нашите сонови. И никако, никогаш да подлегнат под влијание на оние злобните и завидните кој ни сакаат лошо, затоа што можеби тие се погласни, но во тишината зад вас стои некој со многу повеке стил кој ве поддржува и на еден многу културен, а не малограѓански начин ви го кажува тоа.

Реткост е да се види уметник како тебе кој поседува исклучителен стил, убавина и дарба. Во која улога се снаоѓаш најдобро? Имал ли Златко непристојни предлози? 

 ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: 

Ти благодарам на комплиментите. Па да, и јас сметам дека си немам конкуренција – барем не на овие простори. Сметам дека најдобро се снаоѓам во улогата како пријател – приватно, а како модна икона-професионално. Морам да наговестам дека кога луѓето ке ме видат малку и се плашат од мене, не знам зошто е тоа така, можеби поради мојата професионалност – не знам. Инаку сите кои ме познаваат приватно знаат дека не сум така лош и строг хаха. Секако дека имало и непристојни предлози ама мислам дека само што го виделе мојот поглед насочен кон нив, се правеле дека тоа не го кажале тие. Додека пак имало и такви кој настојувале, но безполезно. Жал ми е.  

Кажи ни која е твојата магија, твојата формула за успех. Како е да бидеш во кожата на Златко Јовановски. Колку пара кондури имате?  

 ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: 

Јас верувам во посветеноста, во давањето се од себе, вложувањето максимално. Магијата сама по себе доаѓа! Треба јасно да ја одредите вашата дестинација и по патот додека одите ако сретнете некој немојте да го тргнете доволно е да го одминете – секако нема да ве стигне. А за формула за успех,мислам дека е сеуште рано да зборам затоа што јас сеуште не се сметам за доволно успешен. Како е да бидеш во мојата кожа? Уф,ке ми треба цел роман да напишам за да можам да ти го одговорам ова прашање но ете на кратко. Многу, многу, многу тешко затоа што мислам дека понекогаш треба да ме клонираат за да можам да ги завршам сите обврски во денот или пак денот да ми го продолжат. Но ете со многу не спиени ноќи, со малку храна, со многу кафе и љубовта кон работата, насмевка на лицето и се е можно. Истовремено е многу забавно и интересно, и јас мислам дека доста луѓе би сакале да се најдат на мое место – но би издржале само еден ден – верувајте. Колку пара…мхмм…и мене ме замисли, не знам точно да ти кажам, но ете приближно 50.

Кои грешки во животот што би ги поправил?

 ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: 

Што по трет пат облеков исто парче облека.

Доколку животот би ти бил модна ревија, како би се викала?

 ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: 

Дефинитивно “Applause” !Нели?- Ние не живееме за аплауз, тој постои за нас!

Совршен секс?   

 ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: 

Секако – Во гардеробер, пред огромно огледало.

Кој  го освои твоето немирно срце?

 ЗЛАТКО ЈОВАНОВСКИ: 

Многу детали и модни додатоци секојдневно го освојуваат моето срце. Како и огледалата околу мене (се смее). За крај би додал “Born to be fashion baby-no plan B”

Автор на интервјуто: Амет

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button