Реклама
Интервју

На кафе муабет со Света Богова-Јовановска: Модата нема само сериозна страна

Реклама

Света Богова-Јовановска е креативната и организациската сила зад единствениот голем моден настан кај нас Модниот викенд Скопје.

Додека интензивно ја подготвува новата, деветта сезона, директорката на FWSK со елан и ентузијазам поразговара со Штипка за предизвиците на организацијата, модната свест, модните блогери, и секако љубовта кон македонскиот моден дизајн што има посебно место во нејзиниот плакар.

Маркетинг

Пред Вас е Модниот викенд Скопје за пролет/лето 2014. Единствениот моден настан кај нас од овој калибар е во Ваши раце и од сезона во сезона покажувате дека концептот еволуира, учесниците созреваат, а публиката е сè позадоволна. Кое е мотото оваа сезона и која беше креативната сила што Ве водеше во осмислувањњто на концептот?

Маркетинг

СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА:

Деветтиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржи од 1 до 6 април, ќе ги спои силата на „магента“ виолетовата и страста на црвената со волшебен букет од интензивни бои и раскошни 3Д цветови. Веќе најавивме дека во новата сезона Моден викенд Скопје ќе ги обедини природата, која во денешното време повеќе не е статична, балансирана и хармонична и техологијата која инспирирана од културните навики ја дизајнира нашата околина создавајќи ја таканаречената „Следна природа“ (“Next nature”) која е апсолутно динамична и непредвидлива.

Колку дизајнери очекувате на FWSK SS 2014? Дали колекциите ќе бидат за тековната сезона или по примерот на Никола Петровски од минатиот Моден викенд, ќе се пласираат колекции една сезона нанапред?

СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА:

Програмата на Моден викенд Скопје ќе ја дефинираме на 1 март и потоа ќе ја соопштиме конечната програма. За сега имаме потврдено учество на 15 дизајнери и брендови кои ќе се претстават од 1-6 април за сезоната пролет-лето 2014 година. По завршувањето на деветтото издание, ќе презентираме колекции на комерцијални брендови во Скопје Сити Мол. На деветтото издание на Моден викенд Скопје речиси сите дизајнери ќе се претстават со колекции за актуелната сезона но некои од нив и со колекции за есен-зима 2014/2015 година.

Од пред две сезони Модниот викенд ги отвори вратите и за модните блогери како рамноправни градители на јавното мислење за модната сцена. Дали сметате дека модните блогери се релевантен фактор во доживувањето и доближувањето на модата до публиката? Дали направија некакво бранување на сцената од нивното појавување? Кои од нив ги следите?

СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА:

Пред се во работата очекувам професионалност. Исто така обожувам кога луѓето ќе успеат своето хоби да го претворат во професија. Токму тоа се случува со модните блогери. Повеќето од нив, почнуваат со блогирање бидејќи чуствуваат дека МОРААТ да им покажат на луѓето колку модниот свет е убав или грд, се измешуваат со модните фоторепортери, модели, стилисти, новинари. Класичната шема: за да бидеш познат мора најпрвин да го минеш патот низ класичните печатени и електронски медиуми-веќе не функционира. Се наметна брзиот и едноставен начин-Интернет. Да не заборавиме, блогерите се едни од најважните клиенти во модната индустрија. Тие перфектно знаат : како, каде и за кога е соодветен еден аутфит. Ги сакам блогерите и поради нивната смисла за хумор бидејќи модата нема само сериозна страна. Горда сум на соработката која Моден викенд Скопје ја има со домашните блогери. Тие ни помагаат новите информации да стигнат до пошироката публика. Некои од блоговите кои ги читам редовно кога ми дозволува времето се skopjecasual, thestylerokkie.com, bryanboy.com, kyklamasha.com, svet-sezona.com, aleksandrinavezilka и уште неколку други.

Модниот викенд Скопје и понатаму е еден вид привилегија на модните кругови. Покани за на ревиите може да се добијат или директно од дизајнерите, или преку спонзорите. Дали сте размислувале за продажба на ограничен број влезници за ревиите и зголемување на бројот на посетителите?

СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА:

Моден викенд Скопје е настан од затворен тип. Присутни се претставници на медиумите, клиенти, луѓе инволвирани во модниот бизнис и нашите партнери кои го поддржуваат развојот на македонската модна сцена. Такво е правилото во целиот свет за ваков тип на настани. Со поддршката која ја имаме од медиумите работиме на тоа се поголем број на луѓе да ги добива најновите информации за новата сезона.

Дали сметате дека во Македонија има модна публика што ги следи светските текови и ја цени работата на македонските дизајнери? Дали публиката на FWSK ги исполнува Вашите очекувања за една модно освестена група?

СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА:

Нема да зборувам само за македонската публика туку и за она што се случува низ целиот свет. Секојдневно, посетителите на модните недели стануваат незаинтересирани да ги видат колекциите, посетителите доаѓаат да ги видат креаторите-авторите. Посетителите сакаат во еден здив да имаат јасна слика за идејата на креаторот. По модното дефиле креаторот мора да „остави“ две пораки : Јас сум креаторот…., јас го правам ова…“ Доколку овие информации ги заинтригираат-посетителите одат во продажните салони, студијата, ателјеата… бараат информации на Интернет. Доколку ова се случи-одлично сте ја завршиле работата.

Вие сте жена со специфичен моден стил, приврзаничка на минимализмот која често ја гледаме во креации на наши дизајнери, посебно на ревиите. Кој е Ваш омилен македонски дизајнер?

СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА:

Секојдневно носам парчиња од македонските дизајнери. Околу 30 отсто од мојот гардеробер е исполнет со креации на домашните креатори. Имам облека од различни домашни имиња и секогаш пронаоѓам нешто што ми се допаѓа.

Изгледате беспрекорно и негувано во секоја прилика. Кој е Вашиот режим на нега?

СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА:

Мојот режим е едноставен: добар сон, чист и свеж воздух, позитивно расположение и насмевка, пешачење, вода и секако многу работа :). Купувањето набрзина не е за мене. Јас морам да пробам, да размислам , да направам план и потоа да одлучам. Истото го правам и кога станува збор за козметиката која ја користам.

Aлександра Спасеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button