Интервју

Десет прашања и одговори со нашиот модел Саша Петковски

Advertisement

Прочитајте ги десетте кратки прашања и одговори со атрактивниот македонски модел Саша Петковски …

Advertisement

Како започна твојата приказна со манекенството и модата?

Во овие води навлегов пред година дена, а кога ми се роди идејата, го контактирав мојот сегашен менаџер Алек Наумовски… и почнав со работа!

Кое беше твоето „крштевање“ во светот на модата и опиши го накратко твојот прв ангажман?

Advertisement

Првиот контакт всушност беше и кога почнав да работам. Тоа беше воедно и мојот прв ангажман за Модната недела во Скопје, каде беше многу интересно и кога одлучив да го правам тоа.

Кој ти бил најтежок кастинг досега?

Тешки кастинзи во принцип сум немал затоа што сите кастинзи на кои сум бил досега претставуваат вистински предизвик за мене.

Те видовме на Fashion Weekend Skopje, кажи ни нешто повеќе за ова твое модно доживување…

Ревиите искрено ми се најинтересен дел во мојата работа иако се најслабо платени. Сум носел повеќе брендови и сето тоа беше едно големо искуство за мојата понатамошна работа со модата.

Кој сегмент од модата најмногу те влече и инспирира?

Дефинитивно класика …

Како помина на снимањењето на Евровизискиот спот „To the Sky“ со Тијана? На снимањето на спотот запознав доста интересни луѓе со кои навистина ми беше големо задоволство да работам.

Каде се гледаш себеси за 10 години?

Милано …

Кажи ни нешто повеќе за себе си? Па не би сакал сам себе да се опишувам, туку ќе го оставам тоа на оние што ме познаваат. :)

A каков е Саша приватно?

Приватно сум опуштен. Сакам да запознавам луѓе, дружење, интеракција, многу сакам да анализирам…

Што им препорачуваш на читателите на Штипка?

Оставете ги сите грижи на страна и читајте Штишка!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button