Реклама
Интервју

На кафе муабет со Сара Миленковска, манекенката која ја гледаме со скрипти во бекстејџ

Реклама

Македонската модна сцена покрај дизајнерите има препознатливи лица и имиња меѓу младите генерации модели, а едно од нив е Сара Миленковска.

Маркетинг

Непосредна, спонтана и несомнено професионална, Сара краде воздишки на ревиите на FWSK и го задржува погледот во секој моден едиторијал и каталог на кој ќе наидете. Паралелно со кариерата како модел, Сара студира политички науки и е голем љубител на уметноста. Разговорот со неа тече глатко и просто е задоволство да ја слушате со колкава страст зборува за модата и идеалите на една млада жена.

Која е твојата матична агенција и колку си задоволна од третманот на ангажманите за Моден викенд Скопје?

Маркетинг

Сара Миленковска:

Агенцијата Подиум со која соработувам од своите 16 години е онаа која е заслужна за создавањето на Модниот викеден во Скопје, а со тоа и развивање на посебна модна култура која отсекогаш недостасувала. Како вљубеник во модата секогаш ми е мило кога точно оние дизјанери на кои им се восхитувам се истите чии креации ги носам. Мојот однос со дизајнерите никогаш не е типичен, зошто го разбирам трудот и тоа како даваат дел од себе кога ја создаваат таа уметност. Па затоа колку и да е смешно, бидејќи е едноставно движењето по писта секогаш треба да знаеш тоа да го претставиш преку призмата на дизјанерот и со голема почит кон облеката.

Студираш на насоката Политички науки на Правниот факултет во Скопје. На фотографиите од бекстејџ често те гледаме со скриптите в раце. Како ги балансираш студиите со модните ангажмани, но што е уште поважно, како дојде до овој неверојатен спој?

Со книгите во бекстејџ

Сара Миленковска:

Се плашам некогаш да не си ја заборавам книгата на писта, зашто секогаш таква ми е среќата да имам испити додека трае Модниот викенд. Се трудам никогаш да не ми страда факултетот во однос на моите ангажмани зашто свесни сме колку е важно образованието, па затоа ми е жал кога гледам манекенки кои дозволуваат да им заостанат или да ги напуштат студиите заради работа.

Со мајка и Сеида на фотосесија за ТЕА модерна

Vladimir V. Photography

Со сета почит кон тоа што го работиме, ама забораваат дека треба да се надоградуваш внатрешно и на долги стази, зашто ова не е работа што можеш цел живот да ја работиш. Работата во модната индустрија си носи и убави и лоши страни, може да ти помогне да разбереш како функионираат многу работи зашто е нешто во кое се вклучуваш уште од мал, само не смееш да дозволиш таа површност да те понесе односно да сметаш дека убавинта е нешто што ќе те вози низ целиот животот без да се трудиш да бидеш повеќе од што си. Чувството за општествена одговорност и потребата за внесување добри вредности во јавноста е нешто што се провлекувало низ целиот мој живот во однос на моите интереси, дали тоа било дебата, бизнис планови, активизам и слично. Дури и фактот што сум израсната во уметничка фамилија не го промени она што би сакала да го работам туку само му даде една нота на сонување по идеали кои знаеш дека еден ден може да станат дел од светот во кој живееме.

Со кои наши дизајнери најмногу сакаш да соработуваш и кои од нив даваат јасна визија за тоа како очекуваат да ја износиш нивната креација?

Во креација на Ирина Тошева на FWSK

Сара Миленковска:

Од дизајнери со кои веднаш сум имала посебна конекција би ги издвоила Ирина Тошева, Никола Ефтимов и некој со кој попрофесионално соработувам, Нина Симовска. Она што сакам од овие уметнички души е фактот што секогаш знаат да ме изненадат и јасната визија која ја гледам во нивните креации е онаква каква што јас би сакала да ја гледам, осносно секој човек гледа различна приказна во нив. Никола Ефтимов, дизајнер со кој дури се подготвуваме за фотосесија ги отвараме сите егзистенцијални прашања и се префрламе во еден друг поромантичен универзум од 70тие години. Ирина Тошева го креира секој посебен момент од мојот живот и го враќа урбаниот стил низ Скопје. А Нина е посебна приказна, близок пријател, чии креации имам можност да ги гледам секој ден како се создаваат и стануваат уметнички дела. Растејќи со уметници мислам дека нема нешто поубаво од тоа да си сведок на тој процес.

Која е тајната на твојот негуван изглед? Која ти е омилена „недозволена“ храна?

Во креација на Мила Kадриу – FWSK

Во креација на Олгица Георгиева, фото HLVK by Goran V. Popovski

Сара Миленковска:

Со оглед на тоа дека си ме видела колку мафини знам да изедам после пица во Тонис, јасно ти е дека сум свесен зависник од лошата храна, додека пак дома владе царството на здрава исхрана и макробиотика. Некогаш се зезам дека стресот е она што навистина ми ја одржува линијата, ама ми текнува колку саати се движам пешки низ Скопје со слушалки, како знам да се оставам во теретана во петок навечер и фактот дека одам на pole dance што ти го обликува правилно телото. Ништо не е беспрекорно, ама твоја задача е ради себе да почнеш да се прифаќаш каков што си и се чувстуваш убаво во твоја кожа. Може неоткрена и за мене тајна е тоа што секое сабајле ме буди добар смути со многу работи за кои не сум свесна дека мајка ми ги става во блендерот.

Воодушевуваш со својот личен стил и кога не си на модната писта. Во што се чувствуваш најудобно, а за што би го жртвувала буџетот?

Во креација на Никола Ефтимов

Во креација на Стефанија Насеска

Сара Миленковска:

Мило ми е што сум млада па можам уште кардинално да експерименитрам со стилот, во зависност од тоа како се чувстувам. Сега сум во една транзиција каде имам моменти во кои треба да сум поформално облечена поради работа или факултет и се гледам себе си како созревам стилски, па затоа би издвоила дека најомилено парче ми се панталоните со висок струк и капути со добар крој. Ама мило ми е што сеуште ја чувстувам слободата да се појавам на Модниот викенд во обични фармерки и RUN DMC маица, тоа знам дека и на 40 години би го правела. Кога донесувам животни одлуки за штедење прво што правам е да ги гледам парите во облека отколку во пијачки, така што тоа е добар механизам да се подновиш. Гледам секогаш да е нешто кое личи на мене и тоа каква сум јас како личност, односно да сум своја.

Александра Спасеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button