Реклама
Интервју

Кога жената ќе се препушти во машки раце- Гламур интервју со Никола Симовски

Реклама

Млад и успешен мејкап артист кој секојдневно разубавува по некоја девојка благодарение на неговите вешти раце и моќта која ја пренесува преку четките и боите на лицето. За новите трендови и трикови во оваа сезона разговараме со шминкерот Никола Симовски.

Каква моќ има шминката?

Маркетинг

Шминката може комплетно да го промени личниот опис. Затоа е потребно многу да се внимава како истата се користи, бидејќи шминката треба да служи да ги покрие недостатоците и да го истакне она што е убаво, а не да ве маскира во друга личност. На крајот на денот тоа треба да биде една интересна игра на бои со кои треба да се сме посебно претпазливи и добро избрани. Тенка е границата од убаво и елегантно, до кичест изглед.

Маркетинг

Колку знаат девојките да одберат шминка која што им прилега?

Да бидам искрен, често знаат да побараат нешто што го гледаат на социјалните мрежи, иако имаат сосема друг облик на лице, око, друг тен. Нормално има се почесто и девојки кои совершено знаат да се носат со она што им прилега. Во прашање е колку секој е заинтересиран да открива нови работи и осознае она што му прилега. За шминката да изгледа совршено, потребна и секојдневна нега на лицето, а не само квалитетна декоративна козметика.

Од каде се црпи инспирацијата?

Порано беше многу потешко и немаше голем избор. Денес се ни е достапно благодарение на Инстаграм, YouTube, и други социјални мрежи и блогови каде во секоја секунда се прикачуваат милиони видеа и фотографии од кои што може да се црпи инспирација. Некогаш во прашање е само одреден детаљ, некогаш едноставно сакате да го рекреирате комплетно целиот изглед од она што сте го виделе како изработка на некој познат мејк ап артист. Како и да е инспирацијата е секогаш добредојдена и корисна, а може да биде насекаде околу нас. Некогаш може да се инспирирате и со најобичен разговор со некој клиент, па според сензибилитетот да креирате нешто убаво, а да оставите свој личент печат.

Колку македонските дами веруваат и сакаат да експериментираат во однос на светските трендови?

Мислам дека се поделени. Има и такви кои што целосно се препуштаат и сакаат да биде тоа минималистички и сведено, во однос на оние кои што сакаат јасно да се види дека посетиле професионална услуга од некој шминкер. Како и да е некои работи мислам дека почнуваат да се менуваат на подобро, иако сме сеуште многу многу далеку од она што значи совршен изглед и како правилно треба да се пристапи кон шминкањето.

Која е вашата препорака за една девојките да изгледа средено?

За почеток правилна нега на кожа. Негувана кожа и 80% од работата е завршена. Останатото се само финеси кои може да помогнат за еден убав и свеж изглед. Оние кои што имаат добра способност да препознаат што им прилега да продолжат така и да не се плашат да експериментираат. Додека пак оние кои се помалку вешти, сепак би било подобро да ја препуштат таа работа на некој што се занимава професионално со оваа професија.

Кој нијанси се во тренд оваа сезона пролет/ лето?

Свежиот и glossy изглед останува ин за ова лето. Светлите бакарни тонови, Бронзен тен и праскести тонови. Свежиот дневен изглед никогаш не излегува од мода. Тоа ви е најсигурна варијанта да бидете средени во било кое време и за било која прилика. Помалку е повеќе.

Фото: Фејсбук/ приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button