Реклама
Интервју

„Бесплатни совети за шминка и нега на коса за сите дами“

Реклама

Блиц интервју со Марија Амски

Месец март е месецот за промени, нови информации, искуства, авантури…Време е за повторно отворање и проширување на хоризонтите со нови, креативни и иновативни перцепции.

Маркетинг

На 22ри и 23ти март, фоајето на Македонската опера и балет повторно ќе зрачи со креативната енергија која е резултат на современиот дизајн, иновативните производи, уметноста, креативноста и прекрасните звуци. За тоа што ќе се случува овие два дена на Fashion & Lifestyle Expo ни открива Марија Амски.

Ново издание на Fashion & Lifestyle Expo, што ќе има можност да види публиката оваа година?

И оваа година посетителите на третото издание на Fashion & Lifestyle Expo ќе имаат можност да погледнат голем број на производи од реномирани брендови од домашни и странски компании. Парчиња мебел, современи решенија за оплеменување на енериерот, ексклузивна италијанска керамика и санитарија, уникатен рачно изработен накит, часовници, рачно изработени чевли, аксесоари, модни креации, козметика и многу други нешта кои го чинат животниот стил.

Маркетинг

Ова е трето издание, и веќе може да се каже дека прераснувате во традиција, колку е тешко да се оддржи темпото секоја година?

Навистина не’ радува тоа што еве трета година го реализираме овој проект, а публиката веќе и го очекува во овој дел од годината. Имајќи предвид дека ние сме сепак мал пазар, предизвикот да се собeрат на едно место учесниците од најразлични креативни дејности, без разлика дали станува збор за изложбениот или пак, за програмскиот дел, е огромен.

Подготовките за овој настан траат со месеци пред закажаните дати, но олеснителната околност сега е тоа што настанот и е веќе познат на јавноста, па реализацијата на нашите идеи се одвива многу полесно.

Што е новитет оваа година?

Оваа година ја збогатуваме содржината во Beauty Bar-от, кој го воведовме како една интерактивна сцена минатата година. Лани фокусот беше претежно на шминката, а оваа година посетителите ќе имаат можност да добијат бесплатни совети да направат промена на косата, потоа, ќе има дегустации и презентации на органска козметика, како и консултации со дерматологот Коста Цветковиќ од Дермаплус, во петок во 18 часот.

Во Creative Hall ќе се одвиваат многу интересни работилници, како и одлична креативна работилница за деца од 9-14 години, во петок во 17 часот, со дизајнерката Ина Михајлова.

Во вечерниот дел, покрај модните ревии на ALSHAR и JO.AN и музичките настапи, во четврток во 20 часот ќе се одвива работилница за коктели со Skopje Cocktail Week, а во петок во 16 часот момците ќе добијат пролетно освежување на брадата од Фризерска Секција Скопје, кое ќе биде подржано од СКОПСКО Smooth.
Посебно би ги издвоила LIVE Make Up туторијалот кој ќе го изведува make up артистот Васе Доковски во петок, во 17 часот.

Бјути интервју со Васе Доковски >>

Што се може да се научи на овие работилници?

Уф, многу нешта! Од трикови за шминкање и кои производи за нега и’ одговараат на вашата кожа, до кретивни вештини, како плетење, филигран, фотографија, сликање, декорирање абажур, креирање аранжмани со кактуси, значењето на минералите и полудрагите камења, како да креирате свој start-up, рецепти и трикови за вкусни коктели и уште многу, многу нешта!

Им препорачувам на вашите читатели да ја погледнат целата програма тука и да ги одберат не само оние активности кои им се веќе познати, туку да се охрабрат да пробаат и нешто ново.

И би напоменала дека настанот е отворен за сите, а влезот е бесплатен.

Коj се ќе земе учество во овие два дена?

Програмата за овој настан е креирана така што нуди разноврсни активности и ги задоволува интересите на различните генерации, професионални профили и вкусовите на посетителите. И како што напоменав, овој настан е отворен за сите, а влезот и учеството на активностите се бесплатни, па секој кој има желба да види, проба и научи нешто ново и поразлично, е добредојден.

Интересно е тоа што овој пат ќе имате и Beauty bar за дамите?

Да! Тоа го воведовме уште минатата година и се покажа како одлична интерактивна сцена.

Оваа година ќе го реализираме повторно, со како што напоменав, надополнување во поглед на фризерскиот дел и козметиката за нега.

Колку знаат луѓето во Скопје да се посветат и да уживаат на ваков тип на настани?

Прашањето е одлично и за жал морам да признаам дека не секогаш посетителите во нашиот град вистински уживаат во настаните кои ги посетуваат.

Не би можела да кажам кои причини се кријат позади таквото (не)доживување на настаните, но би сакала да ги охрабрам посетителите на Fashion & Lifestyle Expo ’18 да уживаат, да пробуваат се’ што им се допаѓа и да прашуваат за се’ што ја буди нивната љубопитност.

Кои е повеќе заинтересиран, понежниот или пак посилниот пол?

Ќе признаам дека дамите се побројни, но не радува фактот што и бројот на момците расте од година во година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button