Реклама
Интервју

Интервју со Игор Јагиќ: Можете да носите облека од милион долари, а пак да изгледате смешно!

Реклама

Прочитајте го интервјуто со српскиот манекени Игор Јагиќ со кого поразговаравме за неговата професија и за неговите лични погледи на модата.

Како почна да се занимаваш со манекенство и каде почна?

Маркетинг

 ИГОР ЈАГИЌ 

Со манекенство почнав да се занимавам сосема случајно. Приказната како започнав е всушност многу интересна. Во една прилика ја запознав поранешната Мис на Србија и Црна Гора, Бојана, со која сега сме пријатели, и на нејзино наговарање отидов на еден голем кастинг на една белградска агенција. Сé започна сосема случајно и спонтано и еве сега сум во манекенството веќе малку повеќе од 5 години. Се заљубив во оваа работа и навистина уживам да работам на ревии, фото сесии, и сé друго што подразбира работата на еден модел. И искрено се надевам дека сето тоа ќе потрае уште некое време.

Маркетинг

Дали отсекогаш си сакал да се занимаваш со манекенство?

 ИГОР ЈАГИЌ 

Искрено, не. Како што веќе реков, сé се случи сосема случајно. Ниту во еден момент не ми паѓало на памет дека би можел да станам манекен. Вистина е дека модата ја сакам од мал, и сето тоа ми беше многу интересно, но само како на набљудувач од страна. Никогаш не сум си помислил дека токму јас би можел да бидам некој кој ќе оди по пистите или ќе стои пред професионален фотоапарат. Обично луѓето многу сакаат и сонуваат да се занимаваат со оваа работа, но јас не сум од таа приказна. На мене тоа едноставно ми се случи во животот. Но, драго ми е поради тоа, како што одминуваат годините и се нижат нови ангажмани, јас сум се посреќен и позадоволен.

Како би го опишал својот стил?

 ИГОР ЈАГИЌ 

Својот стил би го опишал како еден “casual street fashion” стил. Многу го сакам тој „уличен“ стил на облекување, нешто помеѓу уличната мода на Лондон и Њујорк. Би излажал ако би рекол дека не ги следам светските трендови. Но јас повеќе сакам трендовите да си ги прилагодам на себе и на својот сензибилитет, отколку слепо да се придржувам за истите. Сакам во текот на денот да бидам облечен „кежуал“, комфорно, но сепак тренди, додека за навечер сакам малку поотмен и стегнат концепт. Иако сепак сé зависи од расположението и од пригодата или настанот кој го посетувам. Но, многу внимавам на својот изглед и сакам секогаш да сум добро облечен.

Најскапо парче облека во твојот плакар?

 ИГОР ЈАГИЌ 

Во моментов најскапите парчиња во мојот гардеробер се машка бунда од превртена кожа и вистинско крзно, која за жал не успеав да ја облечам оваа зима бидејќи немаше снег. И еден костум кој исто така стои бидејќи никако не доаѓа прилика да го облечам. Но ете, тоа се двете најскапи парчиња во мојот гардеробер кои први ми паднаа на памет.

Најдраго парче облека?

 ИГОР ЈАГИЌ 

Ги имам неколку, но со задоволство ќе ги издвојам моите кожни јакни кои ги обожавам, и без кои не би можел да ги замислам моите комбинации. И да речеме, капите и качкетите, кои во последно  време многу ги носам и ги имам поприлично многу.

Што е за тебе главната компонента на добриот стил?

 ИГОР ЈАГИЌ 

Според моето мислење основната компонента на добриот стил ниту е добро парче облека, ниту чевли, ниту чанта, ниту часовник, туку ставот, држењето, и умешноста да се носи одреден аутфит. Ако тоа го нема, можете на себе да носите милион долари, но пак ќе изгледате смешно. Според тоа, прво работа на себе па потоа гардероба.

Кој е според тебе икона на стилот?

 ИГОР ЈАГИЌ 

Мислам дека повеќето луѓе ќе се сложат со мене. Секако, Дејвид Бекам кој е неприкосновен познавач на машката мода и кој според мое мислење никогаш не прави грешки. Тој е пример токму за тој уличен стил за кој пред малку зборував. Исто така, постои уште една личност, а тоа е дизајнерот Том Форд, кој од друга страна ја прикажуваа таа софистицирана елеганција и отменост кои исто така ги споменав. Според тоа, би ги навел нив двајцата, и тоа е тоа.

На жена не сакаш да видиш?

 ИГОР ЈАГИЌ 

Не сакам да видам неуредна жена која не се сака себе си и го запоставува својот физички изглед. Сметам дека секоја жена МОРА да биде убава и негувана.

Дизајнерска облека или улична мода?

 ИГОР ЈАГИЌ 

Мислам дека одговорот е очигледен. И двете … Преку ден “high street“, а ноќе дизајнерска. Само убаво да се чувствувам во неа, ако е можно.

Модната недела во Белград – на кои ревии си настапувал, дизајнери … ?

 ИГОР ЈАГИЌ 

На последната Модна недела работев на ревијата на познатата дизајнерска група „Класа“, феноменалната и наградувана со многу награди Мирјана Шарац, и многу креативниот и пред своето време Иван Ѓолиќ.

 ИГОР ЈАГИЌ 

А инаку сум соработувал со многу познати дизајнери како: Стефан Божановиќ, Џорџ Стајлер, Иван Голубовиќ, Јован Стевановиќ, Ана Васиљевиќ и многу други. Би го споменал и познатиот креатор од Словенија со кого соработував минатата година, а тоа е Иван Роко.

lookbook »

Пишува: Амет
Фото: Фејсбук – Игор Јагиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button