Реклама
Интервју

Интервју со Димитар Цонев: „Гладувањето може да ви го спаси животот“

Реклама

Димитар Цонев е роден во Штип. Завршил Педагошка академија – одделенска настава, а во 1970 година заминал за Канада, каде живее и денес.

Неговата биографија е прилично богата и интересна. Во Торонто завршил школа за телевизиска глума и пропаганда (режија на економско–пропагандна програма). Кратко време во животот се занимавал со манекенство, а како актер настапил во два филма. Во меѓувреме, во 1975 година го отвора и првиот ТВ час надвор од Македонија, а потоа отвора и Македонска радио програма.

Маркетинг

Сепак, животниот пат ќе го одведе Цонев во сосема други води и тој ќе стане истакнат стручњак во областа на алтернативната медицина и нутриционизмот. Во Торонто ги изучува медицинските гранки: шијатсу, акупунктура, ирис дијагностика, рефлексотерапија, капиларна пунктура, дијализа со крвна дијагностика и станува мастер хербалист. Како резултат на неговата успешна работа, Цонев досега има освоено шест интернационални натпреварувачки награди, од кои по две во Филаделфија и во Чикаго, по една во Монтреал и во Њујорк Сити, како и наградите под името „Магистер ирис–дијагностичар“ и „Магистер хербалист“. Покрај ова, тој има добиено и награда во Јапонија за нутриционизам, благодарение на неговиот надалеку познат „Македонски џус“.

Цонев е автор на публикацијата „Со масажа до здравје“, како и на бројни текстови кои се однесуваат на човековото здравје, кои се објавени во Канада и во Република Македонија. Покрај ова, тој е автор и на книгата „Тајни рецепти за долг живот“која има за цел да пополни една празнина во изучувањето и користењето на витамините и минералите. Во книгата детално се разработени овие хранливи состојки кои настануваат природно во растенијата и во животните, а кои се од суштествена важност за животот и здравјето на луѓето. Оваа книга всушност го третира прашањето на здравјето на човекот во одредени негови сегменти, со цел човекот да може самиот да си помага при одредени здравствени состојби. Советите во оваа книга имаат за цел да им помогнат на сите оние кои сакаат да го подобрат квалитетот на животот, да бидат здрави, среќни и задоволни, затоа што ќе научат многу нови нешта за витамините и минералите, а примената на рецептите дадени во неа сигурно ќе придонесе за поздрав и посреќен живот. Во авторските дела на Цонев исто така се вбројува и книгата насловена како „Живот без болка (практикум за рефлексотерапија и акупресура)“, а во моментот во подготовка е и неговата четврта книга која носи многу интересен наслов „Гладувањето може да ви го спаси животот“.

Маркетинг

РЕЦЕПТ ПРОТИВ НАСТИНКА: ВО БЛЕНДЕР СЕ СТАВААТ 3 ГЛАВИЦИ ЦРВЕН КРОМИД  + 3 ЛИМОНИ + 2 ЛАЖИЦИ МЕД + 1 КИТКА ЌЕЉ И СЕ УБАВО СЕ МЕША ЗА ДА СЕ ДОБИЕ СОК. СОКОТ СЕ ПИЕ 3 ПАТИ НА ДЕН Х 1 ЛАЖИЦА. НАБРГУ ЌЕ ЗАБЕЛЕЖИТЕ ДЕКА ЌЕ ПРЕСТАНЕТЕ ДА КАШЛАТЕ И ПОЛЕСНО ЌЕ ДИШЕТЕ. »

И покрај примамливоста на професиите како манекенството и глумата со кои што започнал да се занимава во младите години, Димитар Цонев одлучува целосно да се посвети на подобрувањето на човековото здравје – да им помага на луѓето да живеат долговечно, како оние Македонци на Хималаите, како што вели самиот тој во нашиот разговор. Во оваа насока, во  1986 тој отвора ординација во Радишани за рефлексотерапија и ирис-дијагностика. Акцент се става врз црниот дроб, бидејќи тој „врши повеќе од 500 функции и е главен филтер во организмот.“

Според Цонев, постои голема разлика помеѓу Македонците во Македонија и Македонците во Канада. „Македонците во Македонија повеќе пушат и живеат во загадена средина. Во Канада здравствената грижа е бесплатна, јавноста е поинформирана во однос на загадувањето на воздухот, а нивните автомобили не го загадуваат воздухот како нашите, на пример. Македонските Канаѓани повеќе пешачат, подобро се хранат и докторите им препорачуваат витамини со природни деривати, за разлика од кај нас. Познат е и примерот со еден Македонец од Канада кој на 96-годишна возраст ја обнови возачката дозвола! Нашето Министерство за здравство треба да води повеќе грижа за здравјето на луѓето, но и самите луѓе треба да посветат поголемо внимание на своето здравје“, истакнува Цонев.

Го прашуваме Цонев за еден од проблемите кој е од голем интерес посебно на женската популација, а тоа е вишокот килограми, односно како да се ослободиме од нив на здрав начин. Тој вели дека е најдобро секој што сака да ослаби најпрво да го исчисти црниот дроб, со џусови, храна и витамини кои ќе помогнат тој побрзо да се прочисти, а потоа да се премине на диета, односно да се исфрли од исхраната непотребната и нездрава храна и пијалаци, и дневнo да се внесува по 1.5 литри вода во комбинација со 250 мл природен јаболков оцет.

Од мноштвото интересни рецепти и совети за долговечност и здрав живот, Цонев го издвојува рецептот на Македонците кои живеат на Хималаите, кој ја претставува нивната тајната за долговечност и кој тие го користат од памтивек. Станува збор за рецепт кој може да се користи како превенција од карцином, а неговата основна намена е да се продолжи животниот век. Според овој рецепт, 17 дена треба секој ден да се јаде по 2 килограми кајсии (или 480 грама суви кајсии), во комбинација со по 21 семка од кајсија и 2 литри вода, плус два лимона. Во 100 грама свежи кајсии се содржат 11 грама јаглени хидрати, 9 гр шеќер, 0,4 грама масти, 1,4 гр протеини и 0,4 мг железо, што е одличен сооднос за човечкиот организам. Од друг страна, витаминот Б17 се користи за превенција од рак како и во борбата со оваа тешка болест, а токму рецептот на Македонците од Хималаите е совршен алтернативен пат како да се дојде до овој витамин по природен пат. Овој рецепт, односно диета, се покажал како успешен и ефикасен во лекувањето на жена од Куманово.

Во продолжение следуваат уште неколку рецепти кои ги издвоивме за вас, а за повеќе информации побарајте ги неговите книги во книжарите, или пак контактирајте го на броевите и е-маил адресата дадени на крајот на текстот.

ПРОБЛЕМИ СО ЦРНИОТ ДРОБ

Kонгестија, масна дегенерација, тромост, зголемување

Најдобрата комбинација на протеини за црниот дроб доаѓа од пивскиот квасец (исто така богат со Б-витамини кои се витални за здравјето на црниот дроб), свежото козјо млеко, домашното сирење, житарките и семките, особено бадемите. Се препорачуваат чести и не многу обилни оброци, без прејадување. Сите масти и масла треба целосно да се исклучат од исхраната неколку недели. Исто така, треба да се исклу чи и обработената, конзервираната и рафинирана храна.

Да се избегнуваат сите хемиски адитиви во храната и отровите во воздухот, водата и околината. Се препорачува да се пијат следниве сокови: цвекло, лимон, папаја, грозје, сок од ротквица додаден во мала количина на сок од цвекло.

Посебен лек: Сок од цвекло, постење со сок, витамин Б-комплекс и витамин Ц, холин, пивски квасец, сок од лимон, артичока. Доколку и после чистењето има потреба и од понатамошно чистење, Цонев препорачува да се пие 21 ден следниов сок: 200 грама ѓумбир + сок од лимон + 2 лажици чист мед, измешани во блендер. Тој вели дека сите речиси сите луѓе во Канада и Америка имаат лимон, ѓумбир и мед во фрижидерот во секое време и многу често ги користат. На пример, против настинка: сок од ѓумбир се држи под јазик 12 секунди.

Против настинка: во блендер се ставаат 3 главици црвен кромид  + 3 лимони + 2 лажици мед + 1 китка ќељ и се убаво се меша за да се добие сок. Сокот се пие 3 пати на ден х 1 лажица. Набргу ќе забележите дека ќе престанете да кашлате и полесно ќе дишете.

Против синусни заболувања: најдобра е морската вода која е делотворна поради морската сол. Во домашни услови измешајте 3 литри врела вода + морска сол и дишете ја пареата.

Против болки во стомакот и реума: 3 дена по 3 литри дестилирана вода + 3 лимони секој ден (рецепт од книгата што треба да биде објавена).

КОНТАКТ: на Skype – Master Dimitar | e-mail: conevd@gmail.com | мобилен: 070 726 933 | веб-страница (наскоро): www.dimitarconev-Macedon

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button