Интервју

„Не сме доволно ценети како уметници“ вели професорот по историја од Македонија што победи во шоуто за ветерани

„Ние сме едно големо музичко семејство и честопати знаеме да си запееме сите заедно“

Реклама
Реклама

Гламур интервју со Бобан Цаневски

Бобан Цаневски беше еден од победниците во шоуто „Никогаш не е доцна“, кога цели 10 месеци се бореше со останатите ветерани. Тој оваа статуетка ја освои во 2022 година и тоа со гласовите на публиката, што можеби е и една од најважните награда во ова популарно шоу. Интересно за него е и тоа што по професија е професор по историја, а љубовта кон музиката ја има наследено од својата мајка, како што повеќе пати и самиот ќе истакне. Со Бобан поразговаравме за неговата победа во шоуто, но и за многу други теми поврзани со музиката и животот, па во продолжение прочитајте го интервјуto со него…

Имаше одлично претставување во финалето на популарното шоу „Никогаш не е доцна“ и доби најмногу СМС-гласови со што ја понесе победата, колку ова ти го смени животот и дали како што велат многумина стана поплатен и побаран за настапи?

Победата не ме промени како личност, но сепак ми донесе одредени привилегии, секако и повеќе настапи, а и поголем хонорар. На шоуто гледам како на едно убаво животно искуство, прекрасни моменти кои што се паметат за цел живот и стекнати нови пријателства.

Маркетинг

Фејсбук/ Бобан Цаневски

Како помина песната „Удри бригу на весеље” дали си задоволен?

Песната ,,Удри бригу на весеље” беше одлично прифатена од публиката,  јас сум задоволен од комплетниот производ.  Наиде на позитивни коментари од многу мои пријатели,  колеги и секако, од мојата публика која ја очекуваше оваа песна по мојата победа.

Маркетинг

Фејсбук/ Бобан Цаневски

Дали сметаш дека ни треба вакво шоу и кај нас?

Дефинитивно ни треба едно вакво шоу,  каде што би можел да се претстави секој оној кој има талент и желба за пеење,  или можеби оние кои не ја искористиле својата можност во младоста.

Целото семејство сте некако со музиката,  сите пеете, од каде талентот?

Талентот го наследив од мојата мајка,  која пееше многу убаво.  Нашите деца,  талентот го наследија од мене и од мојата сопруга,  која исто така  се занимаваше со пеење. Така што,  ние сме едно големо музичко семејство и честопати знаеме да си запееме сите заедно.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

 Долго време си на македонската музичка сцена, дали е тешко да се опстои кај нас и што недостасува?

Кај нас е навистина тешко да опстојува од музиката,  бидејќи влијанието од надвор е многу големо и никогаш не сме доволно ценети како уметници.  Но, секој си го бара своето место под сонцето, само упорно и храбро.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Дали Македонците знаат да си ги ценат своите изведувачи, бидејќи многу често ни гостуваат од соседството и за разлика од нашите се платени со огромни суми?

Како што кажав и претходно,  не сме ценети доволно и секогаш ќе се одвојуваат големи суми за странските уметници, посебно за балканските.  Сметам дека треба да се цениме повеќе,  за да не ценат и другите.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

А колку соседите остават простор да се просперира на нивна сцена и дали имате покани од таму за настап после победата?

За разлика од нас, соседите не ни отстапуваат многу простор да настапуваме таму.  Никогаш нема да не стават на исто рамниште со нивните изведувачи.  Конкретно,  после победата имав само неколку покани за гостувања во нивните емисии.

Фејсбук/ Бобан Цаневски

Завршено средно музичко а факултет по историја,  дали си размислувал да го работиш тоа и зошто одлучи да се занимаваш со музика?

Со музиката  живеам уште од дете и мислам дека не би можел без неа,  иако во одредени моменти чувствуваш презаситеност,  но тоа сум јас.

Фејсбук/ Бобан Цаневски

Остварен како родител и сопруг,  како би се опишал себеси и што те прави среќен?

Улогата на родител и сопруг ми е најдрагата улога,  најсреќен ме прави семејството и заедничките моменти.

Фејсбук/ Бобан Цаневски

Кој е најголемиот бакшиш што си го земал и каде?

За бакшиш никогаш не коментирам, неблагодарно е да се фалиме со такви работи.

Кога можеме да очекуваме нешто ново од тебе?

Па наскоро,  подолго време подготвувам еден проект,  за кој не сакам многу да откривам,  сакам да биде изненадување за публиката.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button