Реклама
Интервју

5 МИНУТИ СО БЕЗБЕЛИ АПСТРАКЛИЈЕ: „На Балканот ни е супер, не сакаме ни на запад, ни на исток!“

Реклама

Бендот е создаден пред година и пол, од едноставна и искрена потреба – да се искажат ставовите за она што се случува на Балканот и во светот

Фото: Безбели апстраклије

Маркетинг

Теферич панк бендот од Сараево, настанал како желба да се создаваат чисти мераклиски песни, а го сочинуваат вокалот и гитарист Харис Љумановиќ познат како Турбо авазлија, басистот Харис Кадениќ или Басистага и тапанарот Берин Тузлиќ ака Естамлија (прекарот што го добил по ритамот „естам“). Минатата година го издадоа првиот албум насловен „Kad je bal nek’ je kanibal“, а вториот е насловен „Suza suzu stize“’, што наскоро ќе биде промовиран и пред македонската публика, со настапи во четири градови: Штип (3-ти фебруари) во Домот на млади, Битола (4-ти) во бар „Чаршија“, Гевгелија (5-ти) во кафе бар „У“ и Скопје (6-ти) во бар „Балет“

Ова е вашето прво гостување во Македонија… Со што ќе се претставите пред овдешната публика?

Маркетинг

Се радуваме на оваа прва турнеја во Македонија, зашто македонците ни се особено драги. Се радуваме што со нив сме на иста фрекфенција и сакаме да им приредиме неверојатна забава во сите четири градови Штип, Битола, Гевгелија и Скопје. Ќе ги свириме песните од двата албуми, стариот „Кад је бал нек је канибал“ и новиот „Суза сузу стиже“, кој беше објавен минатата година за „Кроација рекордс“. Тоа се од прилика околу дваесетина песни, брзи и бавни, исто како и водењето љубов. Некои песни се кратки, ама техничарски, а некои се долги. Баш теферич панк.

{youtube}0y4tkB_QYkQ{/youtube}

Пред концертото ќе има и 30 минутна проекција на анимираните филмови, дело на стрип цртачот и аниматорот Берин Тузлиќ, инаку тапанар на бендот. Што раскажуваат тие и каде се се прикажувани?

Тоа се куси анимирани филмови со арт-ориентација, од кои повеќето се наградувани на големи и мали фестивали за анимирани филмови. Некои доживеаа и стрип издание, како што се „Страшила“ и „Сараево не знам кога и не знам каде“. Но, секако ќе го има и новиот филм „Бегам и кога не сум крив“, за кој музиката ја создаде Харис Љумановиќ екс Турбо Авлазлија, инаку вокалот на бендот.

Видео спотовите се комбинација на од повеќе техники, и секогаш на некој хумористично-саркастичен начин пеете за реалноста…

Да. Тоа се пораки за реалните состојби, во кои живееме и ние на саркастичен начин ги исмејуваме, зашто така ни е полесно да живееме. Не сакаме оние што владеат и што не ограбуваат и убиваат, да мислат дека можат да ја навредуваат нашата интелигенција. Нашата музика се создава од импровизациите што ги правиме кога имаме слободно време. Нашите песни како што се „Факини“ и „Златна кашикара“ со своите наслови навестуваат со кого си имате работа и за каква песна се работи.

Дали го живеете она што го свирите?

Ние сме луѓето кои ја преживеаа војната во Сараево, и некои од нас живееа и во приватни центри, па има навистина што да се раскаже. Денес сето тоа го свириме, а понекогаш купуваме пуканки и гледаме како фудбалските натпревари и се ова што се случува во светот ние многу одамна го преживеавме. Па ги сваќаме дека нашите консултантски услуги може да им ги продаваме на странските организации. Знаеме дека сето тоа заврши кога се создаде судот што им судеше на сите за грабежите и убиствата. А, тоа е изгледа решението и за светот, што вработи секакви идиоти, па сега не знае што со нив.

Како успевате да се изборите на сцената како бенд со специфичен звук, наспроти навалицата на поп, меинстрим и турбо-фолк?

Работиме од срце и се уште веруваме во основните човечки вредности, зашто без тоа нема ништо! Во тоа се уверивме лично, и затоа им го препорачуваме и на сите. Ние сме едноставно во напад со цел да не не напаѓаат веќе. Сакаме да работиме се по наше, да не слушаме никого, па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Крајно време е ние НИВ да ги забавуваме, а не само тие нас, зашто стана премногу здодевно.

{youtube}VR2V1wnk8E{/youtube}

Што е она освен искрениот пристап што ве издвојува од останатите бендови со сличен концепт?

Не издвојува тоа што не сме на ниту една страна, туку на нашата теферич страна. Супер се забавуваме и сме реални. Не сонуваме за никаков поход на запад, ни на исток. Што ќе ни е тоа, кога е супер на Балканот. Тужото не го сакаме, своето не го даваме. Токму овој став нам ни донесе многу позитивни промени… се смееме, задоволни сме, не кукаме, ги сакаме ближните. Сонуваме реално, немаме гладни очи.

Знаете ли нешто за македонската музика, култура…?

Отсекогаш не воодушевувала македонската музика, уникатните мелодии и неправилни ритмови. Сметаме дека Тарантино треба да дојде во Македонија, и за некој свој филм да купи македонска песна, зашто тој звук е совршен за неговата филмска уметност. Инаку имаме многу пријатели таму, и токму тоа е она што не држи. Зашто без луѓето не се може, а не сме којоти

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button