Реклама
Интервју

„Би соработувала со стилист што ќе ја препознае мојата природа“

Реклама

Интервју: Наталија Теодосиева

Нејзина омилена претстава во која што глумела е „Солун град на духови“. Учествува во проект кој го разгледува прашањето на бегалците кои минуваат низ Европа. За подобро да ги разбере заедно со екипата од проектот ќе тргнат по патот на емигрантите, од Грција до Австрија, и покрај многуте потресни приказни што ќе ги слушне лично од нив вели дека нивните несреќи се многу поголеми од она што можеме да го замислиме.

Маркетинг

Покрај оваа реалистична и сурова приказна, со Наталија која секогаш изгледа убаво и за око мошне интересно ќе позборуваме и за тоа како ја доживува модата и како го одржува својот физики изглед, но и ќе побараме да одвои малку време за нас и фотографката Ерина Богоева со која ќе ги направат овие интересни фотографии кои зрачат со емоции …

 

Маркетинг

Како актерка што сакаш повеќе, филм или театар?

Само што се вратив од една многу продуктивна проба за новата претстава што ја работам и сега ќе кажам  дека страста ми е поголема за театар иако после секое филмско искуство го имам спротивното мислење :)

Која е твојата омилена претстава во која што си глумела досега?

Солун град на духови.

Моментално си дел од еден интернационален проект кој го разгледува прашањетона бегалците кои минуваат низ Европа. Кажи ни малку за него?

Три девојки од Македонија, Унгарија и Германија решаават да се ослободат од секојдневните обврски во невладината организација за која работа и тргаат на пат  до Виена со стара кола купена од Шутка.

Патот не само што ќе ги научи дека границите  растат и исчезнуваат туку и како идентитетите се формираат, менуваат и сплотуваат. Текстот е базиран на истражувања и интервјуа кога летото 2017 тргнавме по патот на мигрантите и ги следевме нивите траги од Грција до Австрија. Создавме претстава во која документаристичките и фиктивните,  филмските и театарските елементи се комбинираат и создават инзворедна игра на сцена.

Колку работејќи на овој проект успеа да дојдеш во контакт со судбините на бегалците?

Секако дека успеав да им се доближам и да сочувствувам со нив. Покрај многуте потресни приказни што ги чув од луѓето кои деноноќно со години ги гледале како им поминуваат под прозор и бараат засолништа, имав прилика и да разговарам со бегалци кои  живееа во камповите. Нивните несреќи се многу повеќе од тоа што ние можеме да си претпоставиме. Губење  фамилии, преспивања во затвори, гладувања, преживувања во екстремни услови, понижувања, тоа е само дел од нивното секојдневие кое тие треба да го истрпат за само да стигнат на местата каде ќе се чувствуваат безбедни.

Каков беше процесот на работа со интернационална екипа?

Овој процес беше голем предизвик за мене, многу поразличен од се’ што сум работела до сега, токму поради тоа што секој си го донесе својот креативен сензибилитет од таму каде потекнува. Посебно им се радувам на ваквите можности. Имав прилика да се инспирирам од  театарџии од Унгарија, Италија и Германија. Секој со свој метод и принцип на работа. Различни светови и сфаќања. Во претставата се појавуваме три актерки, од три различни држави, комплетно различни и по изглед и по начин на работа.

Какви филмови сакаш да гледаш, односно каков жанр, и неколку филмови што би ги препорачала за нашите читатели?

Никогаш не сум избирала филм според жанрот, гледам многу различни филмови. 3- iron  е филмот што прво ми текнува кога некој ќе ме праша за предлог филм, корејска романтична драма а никогаш не пропуштам да го споменам Рој Андерсон и неговата апсурдна комедија трилогија “Living Trilogy”.

Каков е твојот став кон стилистите? Дали некогаш би користела нивни услуги занекој свечен настан во Македонија?

Стилистите се луѓе кои мислат во детали, а мене тоа ме воодушевува, овде се за да ни ја олеснат работата да изгледаме како што сакаме па и повеќе од тоа. Секако дека би соработувала со стилист но некој кој ќе ја препознае мојата природа и ќе сака да работи со тоа.

Што за тебе претставува модата? Дали ги следиш трендовите и како би го опишала твојот стил?

Модата е  секојдневие,  дури и  за оние кои велат дека не им е гајле што облекуваат затоа што  и тие секое сабајле стојат пред плакарот и облекуваат парчиња што ним им се допаѓаат и зборуваат за нивниот карактер.

Не би рекла дека ги следам трендовите, но имам  свој стил, многу сум прибирлива  кога станува збор за парче облека.

Како ја одржуваш линијата?

Немам рецепт за тоа, едноставно сум активна, понекогаш пливам  понекогаш танцувам  ама секогаш одам пешки. И пијам чаеви :)

Храна на која што не можеш да и одолееш?

Чоколадо

Твоето мислење за естетските операции?

Немам ништо против естетските корекции, но ме плаши помислата дека еден ден сите ќе си личат еден на друг.

Со кој би сакала да соработуваш во иднина – некој за кого сметаш дека можеш да научиш нешто во Македонија како актерка?

Мислам дека сум имала многу среќа што до сега сум соработувала со многу од луѓето со кои сум сакала. Сега си посакувам повеќе проекти, а да се учи може од секого  ако знаеш што ти треба.

Што правиш во слободното време, каде можеме да те видиме?

Слободното време го посветувам на другарување и на некоја добра книга. Можете да ме видите во парк, во театар, на концерт а многу е голема веројатноста да ме побарате во Кочани ако не сум таму тогаш сигурно сум некаде низ Европа.

Фото: Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button