Интервју

Политиката е рак во нашата Македонија – искрен муабет со Марјан Коцев

„Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ се песните без кои не може да се замисли ниту една семејна прослава. Марјан Коцев е еден од најуспешните и најпопуларните машки пејачи во земјава.

Реклама
Реклама

Поразговаравме со еден од нашите најпознати фолк-пејачи за кого секој настап има своја убавина и свои емоции, а кој веќе цели три децении е присутен на нашата сцена. Станува збор за Марјан Коцев, еден од омилените пејачи на многу генерации слушатели. Неговата кариера некако започна со песните „Солзи нека пресушат” и „Бекрија љубовџија“, кои и денес се големи хитови, а како што самиот вели, една од омилените негови песни му е „Благородна“ направена во 2012 година, а која е посветена на неговата покојна мајка. Со Марјан поразговаравме и отворивме уште многу други интересни теми, а целото интервју со него прочитајте го во продолжение…

Важите за најбаран пеач од естрадата во дијаспората, како беше изминатава година каде се имавте настапи надвор од земјава?

Минатата год беше доста работна, како на домашен терен така и надвор од нашата татковина.

Маркетинг

Од сам почеток на годината:  Белгија, Германија, Австралија, Турција, и за прв пат на Малта и во Чешка, и така беше се до самиот крај на годината каде што на Малта ја дочекавме новата година со мојот колега Горан Ѓорев во македонскиот ресторан “Гурмет” во Буџиба-Малта.

Каде ви е најкомотно и каде сте почувствувале најголем фидбек од публиката?

Секаде е комотно, секаде е убаво каде што има наша публика и љубители на убавата песна. Секаде е убаво и секој настап си има своја убавина и свои емоции, нова енергија!!!

Маркетинг

Оваа година Ви е јубилеј од 30 години, 20 прославивте со концерт, какви се плановите за триесетиот јубилеј?

Да, оваа година се навршуваат 30 години  од мојата професионална  кариера. Од минатата година сакав да стартувам со Скопје, но некогаш плановите не излегуваат според планираното. Се работеше за голем проект што самиот не бев во состојба да го финансирам и се пропадна во вода, така да оваа година ќе нема одбележување од моето три децениско постоење на македонската естрада.

Сепак е тоа многу голема организација што требаше да започне најмалку 1 година од почетокот на првиот концерт и организација по нашите клубови и цркви по целиот свет.

Ми се чини дека хитовите “Ти само Ти” и “Солзи врели нека пресушат”,  ” Голем бекрија”, некако ја одбележаа Вашата кариера иако ми се чини дека сите Ваши песни се хитовски. Која ви е Вам најдрага и која најмногу Ви ја бараат на настапи?

„Солзи нека пресушат” беше песната што ме обележа во 95’ и што ја започна мојата кариера! Тука некаде е и “Бекрија љубовџија”, истата година, ист месец само различни фестивали. Таа среќна 1995-та година! МОЈА ГОДИНА ! “Ти само ти”е понова и е една од најдрагите на мојата публика, посебно на НАЈМАЛИТЕ, НАЈМИЛИТЕ. А тоа и беше целта…ШТОМ Е ПРИФАТЕНА КАЈ НАЈМЛАДИТЕ ЕТЕ ВИ ХИТ! Но за мене најголеми емоции буди песната “ВИСКИ”. Една од ТРЕТИОТ АЛБУМ (2013), албум кој што беше и воедно посветен на мојата покојна покојна мајка БЛАГОРОДНА. Песната е направена 2012-та, истата година кога почина мајка ми. Многу време и многу солзи потрошив на оваа песна, додека се правеше, се дотеруваше,  се финишираше заедно со мојот брат Никола Коцев кој ја направи музиката, текст на Орце Зафировски и аранжманот на Деан Момировски. Се надевам на еден убав спот за оваа песна.

Дали кај нас доволно се ценат нашите изведувачи, што Ви пречи најмногу?

Хм … Има доста и прашања и многу одговори. Најпрво треба државата да застане до нас, со нас и заедно да се создаваат новитети за да оставиме на нашите поколенија.

Сигурно сте забележиле кај нас главни ѕвезди се ПОЛИТИЧАРИТЕ!!!! И тоа е така со децении што веќе ми иде на нерви!!! Треба да дојде асална гарнитура ! ПОЛИТИКАТА Е ТАА ШТО НАЈМНОГУ МИ СМЕТА И Е РАК ВО НАШАТА МАКЕДОНИЈА! АКО НИЕ НЕ СЕ ЦЕНИМЕ НИКОЈ НЕМА ДА НЕ ЦЕНИ!!

Кога беше пандемијата естрадните уметници буквално останаа без работа и приходи, Ви помогна ли Вам државата како и на некои други, како се снајдовте тогаш?

Да, ми помогна државата (едвај) на 31-ви декември 2020-та кога веке возот отиде!!! Индикации имам сега и до крај на животот!

Веќе 14 години сте во брак со Вашата Биљана и имате две деца, кој е рецептот за среќен брак?

Секој брак си има успони и падови. Па и нашиот не е идеален но наогаме компромис, разговараме, дискутираме на крај ги решаваме проблемите. Така да кога ќе се најдат вистинските вредности во животот и ќе го согледате се она околу вас што ве опкружува и кога ќе има толеранција со партнерот (од двете страни) кога ќе бидете трпеливи, и татко и домакин и шофер (ха ха) има хармонија во фамилијата. А најголем магнет се децата! Главна карика во секоја фамилија! Имам голема подршка од сопругата и доста ми помага во мојата кариера.

Многу отворено зборувате за Вашиот проблем со дијабетесот, кој сте го добиле како дете. Kако го поминавте тој период во детството?

Тоа е тешка и сензитивна тема за мене.  Лош период од животот но откако добив деца, откако станав татко уште потешко ја сфатив ситуацијата на МОИТЕ РОДИТЕЛИ! КАКО ИМ БИЛО НА НИВ ЗА СЕТО ТОА ВРЕМЕ?  Затоа сега помагам врз основа на мојата голгота колку можам и целото мое искуство го делам со сите кои што ќе побараат помош! Уште еднаш ќе напоменам секој кој што сака совет околу ДИЈАБЕТИСОТ слободно нека ме контактираат без чекање, без двоумење без срамење! Колку порано толку подобро.

Дека добро пеете е доказ за  она што сте денес, но  дали можеби сте имале желба или можеби знаете да свирите некој инструмент?

Јас најпрво почнав како бубњар на мои 13,14 години.  Но по желба и одлука на мојот постар брат Никола го сменив инструментот. БАС ГИТАРА ! “Ќе свириш бас гитара и ќе бидеш напред, ПРВА ЛИНИЈА! “ Така и беше, одам купивме и гитара и бас појачало и почнав со вежбање од истиот момент 1990-та, октомври- ноември. И се така до 2000-та година функциониравме под името група Модус-Кавадарци.

 Каде бегате од секојдневието за да ги наполните батериите?

10- Кога ситуацијата ќе дојде на ЦРВЕНО сакаме или не мора одмор! Тоа место може да биде море или најчесто со фамилијата одиме на планина. Мојата сопруга има викендица на населбата Китка и штом ситуацијата дозволува БЕГАМЕ ГОРЕ да ја слушаме тишината.

Кога можеме да очекуваме нов хит од Вас, ќе има ли наскоро, работите ли на некој проект?

Сакам тоа да се случи што е можно побрзо со нешто добро, убаво, хитовско. КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА СЕ СРАБОТИ НЕШТО.  Посебно последната година не беше добра за мене.

И не само последната туку и последните 4-5 години. Место кое што го најчесто го посетував беше ДРЖАВНАТА БОЛНИЦА. Го изгубив мојот татко… Лоша епизода во мојот живот… Болката е преголема… Не се опишува! А ВРЕМЕТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ВРАТИМЕ…. Песни се ствараат и во срека и од болка! БЕЗ ЕМОЦИИ НЕМА ПЕСНА!!!! Така да се надевам дека во периодот што следи ќе има нешто ново, нешто убаво.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button