РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
Овој период ви се нагласува соработката со странство. Но, колку тоа и да е позитивно, постојат ситуации на кои треба да им обрнете внимание. Водете сметка за договорите и да не пропуштите нешто што веќе одамна сте го започнале.
Љубов
Уште една седмица со зголемени љубовни шанси за слободните Ракови. Но, околу вас ќе имате повеќе несериозни личности кои ќе сакаат нешто само повремено. Што се однесува на оние кои се во врска или брак, вие ќе чувствувате мал притисок, но ништо страшно.
Здравје
Намалете го стресот и нервозата.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Многу работи ќе ви се случуваат во текот на оваа седмица. Некој ќе ви направи услуга, ќе ви помогне и ќе ве поддржува, но сепак, вие нема да бидете целосно задоволни од сите околности.
Љубов
Оваа недела ќе се обидете да воодушевите некоја личност во вашата близина. Обрнете внимание и на социјалните мрежи, излегувањата и дружењата со пријателите. Ако сте зафатени, опуштете се максимално и уживајте во прекрасниот период кој е пред вас.
Здравје
Можни се алергиски реакции.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Најмногу би биле задоволни кога би можеле да стигнете на сите страни одеднаш. Во превод: Ве очекува недела со брзо темпо и со многу случувања. Бидете организирани и добро сконцентрирани.
Љубов
Некој може буквално да ве маѓепса, иако можеби ќе бидете свесни дека оваа личност не е вистинската за вас. Малку ќе бидете склони и кон идеализирање, а и ќе се трудите повеќе. Кај оние кои се зафатени ќе постојат мали сомнежи…
Здравје
Чувствителен стомак.
Премини на следната страна >>