FashionМодни совети

За обожавателите на црната боја, познати девојки ни служат како модна инспирација за целосно црн стајлинг

Advertisement

Мислите дека целосно црните комбинации се досадни? Дозовлете им на овие дами да ве уверат во спротивното!

Advertisement

На еден настан кој оваа недела се одржа во Загреб, речиси сите девојки се појавија во црно од глава до пети. Иако беа облечени во иста боја, тие беа различни, па нивните стајлинзи послужија како одлична модна инспирација за сите меѓу вас кои обожавате да носите црно.

Ако најмногу го цените лежерниот и класичен стил, сигурно ќе ви се допадне оваа едноставна црна комбинација за оваа есен, односно кожена јакна, обична мајца и лакирани оксфордовки.

Advertisement

Друга девојка пак имаше сјајна идеја како да комбинира црн фустан и да остане тренд оваа сезона. Само ви требаат светкави хулахопки кои дополнително ќе ви донесат свежина во вашиот изглед и ќе ви подарат нов и необичен изглед.

Ако сакате да заблескате во малку поинакво црно, тогаш ви требаат еден пар хеланки кои на себе ќе имаат светкави детали, па истите можете да ги комбинирате и со најобична црна маица.

Исто така можете да си додадете и некој шик детаљ, како што е шешир, машна и слично, па сигурни сме дека ќе изгледате одлично во црно од глава до пети!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button