Диети

Индиска диета – 7 килограми за 7 дена

Реклама
Реклама

Во западните земји е многу популарна индиската храна која во главно се заснова на ориз.

 

Маркетинг

Врз основа на традиционалната индиската кујна е осмислена и оваа диета во која доминираат јадења богати со јаглени хидрати, па во текот на диетата нема да чувствувате умор.

Главна храна во диетата е ориз со кари и цимет. Зачинот кари го забрзува метаболизмот повеќе од која било друга намирница. Се консумира во многу мали количини но го спречува растот на масните ткива. Неодамнешните истражувања во Холандија покажаа дека со воведувањето на кари во секојдневната исхрана можете да изгубите 2 до 4 килограми за две седмици, без посебни промени во исхраната. Од друга страна, аромата и слаткиот вкус на циметот го намалуваат апетитот. Циметот ги обновува ѕидовите на желудникот, создавајќи чувство на ситост. За оризот не треба ни да се зборува, доволно е да се спомене дека лекарите ја препорачуваат кашата од ориз за сите гастролошки проблеми. Оризот го чисти организмот од сите штетни и токсични материи. Од овие причини Индија има ниска стапка на луѓе со прекумерна тежина, болни од рак и од болести поврзани со вишок на холестерол, трансмасти и други токсини во телото. Оризот содржи многу витамини и минерали, пред сé витамини од Б групата и каротен, потоа витамин Е, калиум, фосфор, цинк, железо, калциум, селен и јод. Исто така, во оризот се наоѓаат и 8 есенцијални аминокиселини кои даваат енергија, го спречуваат уморот на мускулите, ја зголемуваат физичката активност на целокупниот организам.

Маркетинг

 

Индиската диета вклучува и црн чај, кој го намалува апетитот, го подобрува варењето, ги елиминира тешките соли, метали, вишокот течности од организмот и значително ги намалува маснотиите во телото.

Диетата трае 7 дена во текот на кои можете да изгубите 7 килограми. Во текот на диетата треба да пиете црн чај без шеќер. Диетата е лесна и едноставна, со намирници кои можат да се најдат насекаде и тоа по ниски цени.

Ден 1

Појадок: 1 шолја млеко и 1 банана
Ручек: 3 лажици варен ориз со сол, 1 шолја црн чај, 1/3 динстан зеленчук со кари
Вечера: 1 шолја црн чај, 2/3 зеленчук со кари
Рецепт за зеленчук со кари: исечете 3 домати на кришки. Излупете 1 модар патлиџан, измијте го и исечете го на коцки. Исечете на ленти 2 пиперки и 1 морков. Ситно исечкајте 2 чешниња лук. Пропржете го морковот и модриот патлиџан на маслиново масло па додадете ги пиперките и доматите. Варете на тивок оган 15 минути. Потоа додајте 1 лажичка кари, сол и лук, и варете уште десетина минути.

Ден 2

Појадок: ½ грејпфрут, шолја црн чај
Ручек: 6 лажици варен ориз со 1 лажица кари и малку сол, 1 шолја млеко
Вечера: 6 лажици варен ориз со 1 лажица кари и малку сол, 1 шолја црн чај.
Кари и сол се додаваат 5 минути пред крајот на варењето на оризот.

Ден 3

Појадок: 2 мандарини, 1 шолја млеко
Ручек: 5 лажици варен ориз со кари и сол, 1 шолја црн чај со малку цимет
Вечера: 5 лажици варен ориз со кари и сол, 2 мандарини.

Ден 4

Појадок: 2 изрендани краставици со малку маслиново масло и магданос, 1 шолја црн чај
Ручек: 2 варени компири со малку сол, 1 шолја млеко
Вечера: Салата од јаболки и моркови.
Исечете на тенки ленти 2 јаболки и 1 морков. Додајте 1 лажица мед и неколку капки лимон и промешајте.

Ден 5

Појадок: 1 шолја млеко, 2 варени јајца
Ручек: 100 гр. варена боранија или шпаргла (аспарагус), може и измешани, 1 шолја црн чај
Вечера: 5 лажици варен ориз со малку сол, 1 шолја црн чај со малку цимет.

Ден 6

Појадок: 1 портокал, 10 бадеми
Ручек: 6 лажици варен ориз со кари и малку сол
Вечера: крем супа со ориз
Потребно е: 350 мл. млеко, 150 мл. вода, 40 гр. ориз. Ставете го оризот во зовриена вода и варете го 5 – 10 минути. Сипете го млекото и варете додека не омекне оризот. Додајте сол по желба.

Ден 7

Појадок: салата од домати, 2 пиперки, 3-4 гранчиња копар и малку растително масло
Ручек: 7 лажици варен ориз со 1 лажичка кари и малку сол, 1 шолја млеко
Вечера: 1 банана и 1 грејпфрут.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button