Ина Многуфина за трагедијата во Велес: „Зошто институциите не и помогнале на Росица по толку молење за помош?“

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина реагираше за случајот со вчерашното дворатно самоубиство и убиство во Велес каде скопјанeц ги уби поранешната девојка и татко и во Велес, па што се самоубил.
Ина Многуфина пишува за тоа како девојката барала помош многупати, но наводно не и помагал никој, и прашува кого плаќаме за помош, а не помага.
„Росица (31) барала помош. Барала помош кога ја тепал, барала помош кога и се заканувал, барала помош кога и ја запалил колата, барала помош кога видела дека не и помага никој и се плашела дека ќе ја убие. Ја убил. И нејзе и татко и. И сега ќе тече истрагата по кој редослед и како. Истрагата може да почне од тоа кој не постапувал? СВР Велес, ЈО, не знам, некој не постапувал. Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој? Тоа сакаме да знаеме, кого плаќаме за помош, а не помага? Зошто институциите не и помогнале на Росица по толку молење за помош? Некој мора да понесе одговорност, Росица и татко и немаат само еден убиец. Со години збориме дека не се постапува, дека треба законот да се смени, ништо. Звук од штурчиња и ветерче во позадина. Кој дозволи убиецот да е на слобода по толку пријави? Кој?“, напиша Ина.