Реклама
MAMAКафе муабет

Името Тодор означува божји дар

Реклама

Првата сабота после прочка верниците ја слават Тодоровата сабота. Во нивна чест, во продолжение ви прикажуваме што означува името Тодор.

ФОТО: Printscreen

Тодор е машко име кое е често присутно на нашите простори. Тој има корен од грчко потекло што значи божји дар.Поточно, името Теодор потекнува од грчкиот „Theodoros“, изведено од theos – што означува Бог и doron што означува дар. Значи, во превод ова име добива значење божји дар. Според народните традиции, ова име му се давало на детето кое родителите долго го очекувале и за кое имале голема желба, па конечно по одреден период Бог им го дал.

Ова име го среќаваме во раззлични варијанти, и машки и женски. Така, среќаваме Теодор, Тоше, Теодора… Но, ова име во различни варијанти е распространето ширум Европа, но и пошироко. Така на пример, името Феодор или Фјодор е руска варијанта од грчкиот Theodoros.

Маркетинг

Што се однесува пак до празникот Тодорова сабота, за овој ден се врзани многу обичаи. На пример, во минатото во одредени делови во нашата земја на овој ден доаѓале девојките и ергените од другите села, биле празнично облечени во носија и заедно со своите родители шетале низ градот за да се запознаат со други личности, па затоа, овој ден постарите го кажуваат и како ден на допаѓањето, односно како метафора на љубовта.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button