Рецепти

Името му е одбивно, ама неверојатно е вкусен – турски пудинг од пилешко месо, мора да го пробате

Се топи во уста, а лесно и брзо се подготвува.

Реклама
Реклама

Легендата вели дека султанот побарал благо доцна во ноќта, но сè што имале при рака готвачите од палатата било пилешко месо.

Тие го вареле пилешкото долго и на тивок оган – сè додека добило желатинеста форма. Потоа го измешале со млеко и со шеќер.

Покрај приказната за султанот, постои и верзија според која пудингот од пилешко настанал во 1935 година, кога човек по име Хаџи Хусеин Топбаш одлучил да отвори ресторан што нуди дневен оброк од три јадења.

Маркетинг

Во тоа време немало многу ресторани, ниту пак во продавниците имало голем избор на намирници. Топбаш сакал да направи примамливо мени по пристапна цена, па затоа го одбрал пилешкото месо како основа за сите три јадења.

Бидејќи морал да користи пилешко, тоа значело дека мора да направи и десерт од него. Така, според оваа приказна, настанал пудингот од пилешко месо.

Маркетинг

Состојки:

– 1 литар млеко

– 260 г шеќер

– 50 г путер

– 50 г пченкарен скроб

– 50 г оризово брашно

– 1 лажичка екстракт од ванила

– 1 пилешко филе (малку поголемо)

Како се подготвува, погледнете во видео-прилогот:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button