CelebrityMAMATVБебиња

Имав два спонтани пред да останам бремена во Микаил – за првпат пред јавноста проговори новинарката Лупевска

Advertisement

Новинарката Снежана Лупевска Созен, актуелна директорка на Телма телевизија е медиумско лице познато за јавноста по нејзината долгогодишна емисија КОД каде што се обработуваат сериозни политички теми се разоткриваат скандали, криминал.

Ќе се потсетиме за тоа дека Лупевска за време не војната во 2001 година беше една од киднапираните од новинарската екипа на А1 телевизија.

Advertisement

И покрај бројните закани, стресната работа којашто ја има таа вели дека моментот на станување мајка не се мери со ништо на светот. Таа има едно синче Микаил за кој што вели дека е многу интерсно дете кое сака да кажува шеги.

фото: Фејсбук

 

 

Advertisement

Лупевска е во брак со турски бизнисмен, нивната љубовна врска привлече голелмо внимание во јавноста и бројни медиуми пишуваа за нивната несекојдневна приказна. Насекаде се пишуваше за нивната свадба. Турчин и Македонка се запознаваат во Белград!

фото: Фејсбук

Во емисијата „Мамавизија“  таа беше гостинка и за првпат проговори за спонтаните коишто ги имала и раскажува за мајчинството и мешаниот брак.

– Пред да останам бремена во Микаил имав два спонтани абортуси. Тоа беше стресен период. Кога повторно дознав дека сум бремена пазев многу, прво поради тие два немили настани втори и поради возраста , јас го родив Микаил на 43 години. Сите се плашавме повторно да не се случи нешто лошо. Докторот ми се смееше, ама јас многу сакав да одма на прегледи ми фалеше уште дома да си купам некој апарат за да мерам срцеви отчукувања – се смее таа.

 

Новинарката раскажува за тоа дека имале опции да живеат и во Истанбул, но поради нејзината работа одлучиле да останат во Скопје и нејзиниот сопруг ја жртвувал својата работа за да се пресели во Македнија.

фото: Фејсбук

Убава љубовна приказна за којашто можете да дознаете повеќе од емисијата во продолжение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button