„Имаше премногу дадилки, не обрнуваше внимание на детето“ – таткото на Илон Маск вели дека тој е виновен за смртта на првороденчето, но и дека син му има Аспергеров синдром

Таткото на Илон Маск, Ерол, изјави дека неговиот син е виновен за смртта на неговото првороденче, кое почина на 10-месечна возраст од таканаречен синдром на ненадејна смрт на доенчиња.
Според Маск постариот, Илон бил зафатен и не обрнувал внимание на своето дете, префрлајќи ја грижата за него на дадилките.
„Првото дете помина премногу време со дадилки и умре под грижа на дадилка. Илон ќе ме убие што го кажувам ова, но мислам дека тоа е вистина и дека не е во ред. Тие беа премногу богати, имаа премногу дадилки”, изјави тој за „Wide Awake“.
Таткото на Маск рече дека неговиот син и неговата прва сопруга, Џастин Вилсон, кои имаат уште пет деца заедно – Грифин, Вивијан, Џена Каи, Саксон и Демијан – имале вкупно 12 дадилки кога се развеле.
Маск досега има 13 деца: шест од првиот брак со Џастин Вилсон, три од извршната директорка на Neuralink, Шивон Зилис, и три од пејачката Грајмс. Тринаесеттото дете на милијардерот неодамна го доби со писателката за деца Ешли Сент Клер.
Ерол Маск се осврна и на неколку други теми во подкастот. На пример, тој ги негираше тврдењата на Илон Маск дека бил малтретиран на училиште, истакнувајќи дека тоа е нормална комуникација меѓу врсниците.
Освен тоа, Ерол вели дека се сомнева дека неговиот син има Аспергеров синдром (вид на аутистично нарушување).
Потсетуваме, односот на Илон Маск со неговиот татко отсекогаш бил комплициран.
Во интервјуата, милијардерот постојано го обвинува татка си за недостаток на емоции, за студенило.
Ерол Маск пак, јавно изјави дека не го смета својот син за успешен и му препорача да ослабне.
Претходно, гламур.мк пишуваше за драстичната трансформација на Илон Маск, кој буквално се „стопи“ користејќи Оземпик.
„Оземпик Дедо Мраз“, напиша на фотографијата Маск, алудирајќи на земање лек кој првенствено се користи за лекување на дијабетес тип 2, но кој некои познати личности го користат поради брз ефект на значително губење на тежината.
Ozempic Santa pic.twitter.com/7YECSNpWoz
— Elon Musk (@elonmusk) December 26, 2024
За и против користење на лекот Оземпик за слабеење, неодамна зборувавме во интервјуто со проф. д-р Искра Битоска.
„Оземпикот не е регистриран за третман на дебелина без дијабетес. Постои во аптеките кај нас и често пациентите го земаат на своја рака. Но, постои и друга формулација која е наменета само за третман на дебелина, без дијабетес. Тој лек е достапен во нашата земја и ние, лекарите, го препишуваме“ – вели проф. д-р Искра Битоска
Целото интервју за ефектите на лекот Оземпик, може да го прочитате – ТУКА.