Имаме ли нова Гранд ѕвезда од Македонија? Пејачот ги воодушеви сите – само него го разочара (видео)
Шармантниот Никола од Скопје во „Ѕвездите на Гранд“ ги изненади сите со она што го кажа за Мили
Пејачот од Македонија, Никола Станишиќ, минатaта сабота ги воодушеви сите со својот настап на сцената во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој од жирито беше награден со седум гласови, што и самиот не го очекуваше, па не го криеше воодушевувањето по настапот.
Единствен не доби глас од неговиот ментор од претходната сезона, Александар Милиќ Мили, што исто така го изненади.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
На прашањето од страна на новинарите што мисли зошто Мили не гласал за него, младиот пејач како од „пушка“ одговори:
Мили можеби мисли дека има некој проблем со мене (смеење), одговори Никола, а потоа додаде дека претходниот пат кога се натпреварувал и на Мили бил нов во шоуто, а тој му бил единствениот кандидат.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Прашајте го него зошто не ми даде глас“, изјави Никола за „Гранд“ откривајќи дека се надевал на многу помалку гласови, па од резултатот и без Мили бил презадоволен.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Никола има 24 години и доаѓа од Скопје, а во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше и пред четири години.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој тогаш најпрво беше во тимот на Мили, но по еден негов настап Марија Шерифовиќ реши да го земе во нејзината екипа.
Како што откри Никола тогаш, Мили наводно бил презафатен и не можел со него да работи, па по еден негов настап кога ги изведе песните „Лазарополе, таму најгоре“ и „Кад заболи“ Марија реши да го преземе и да му поммогне во натпреварувањето.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како изгледаше овој негов настап, но и зошто Никола сега реши да биде во тимот на Цеца, погледнете во продолжение…