CelebrityНаши ѕвезди

„Имам трема, но ветувам дека ќе биде јако“ – Лозано откри со кого е подготвен да помине километри љубов?! (видео)

Advertisement

Нашиот Влатко Лозаноски – Лозано, еден од најмоќните и најнежните гласови на овие простори, најави спектакуларен концерт кој ќе го паметиме цел живот! На 7 март 2026 година, Арена „Борис Трајковски“ ќе биде преплавена со музика, емоции и неопислива енергија, затоа што Лозано подготвува шоу кое ќе ја надмине секоја фантазија.

Концертот, наречен „КИЛОМЕТРИ ЉУБОВ“, ќе биде вистински визуелен и музички спектакл, со неверојатни танчери, нови преработки на неговите вечни хитови, специјални гости и моменти што долго ќе се паметат.

Advertisement

Лозано признава дека го фаќа трема пред толку голема публика, но токму тоа го прави уште поавтентичен и блиску до срцата на неговите фанови.

-Подгответе се за ноќ што ќе ја паметиме засекогаш, за километри љубов што ќе ги минеме заедно … да ја наполниме арената со љубов, енергија и песна. Се гледаме на 7 март!“, порача Лозано, повикувајќи ги фановите да бидат дел од оваа магија.

Според најавите, публиката може да очекува вечер полна со емоции, ритам и љубов, каде секој тон на Лозано ќе создаде искуство што ќе се памети долго време.

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button