Има огромен базен во дворот и раскошен имот – ова е луксузната нова куќа на нашата позната фолкерка
На ова место живее Гавазова
Пејачката го покажа својот дом
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова и нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ својата оаза на среќа и мир ја изградија во Дојран.
Имено, тие во близина н Дојранското Езеро направија преубава куќа во која сега пејачката ужива со своето семејство.
Таа сега сподели неколку снимки направени во нејзиниот дом и покажа како изгледа раскошниот дневен престој.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Покрај елката и големиот телевизор, тука е и трпезариската маса, а Гавазова ја сними и својата мајка.
Познатата пејачка во последно време е поприлично активна на своите профили на социјалните мрежи, а не ретко знае да сподели снимки и фотографии кои се направени во нејзиниот нов дом.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тоа посебно важи за летните месеци кога целото семејство ужива покрај големиот базен што го имаат во дворот.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Целиот двор е украсен со најразлични цвеќиња, а како изглед и овој мал скриен рај каде на пејачката, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Секогаш насмеана и расположена
И токму на ова место Гавазова ги прави своите летни снимки со кои никого не остава рамнодушен.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Облечена во своите омилени костими за капење таа блеска во секое од овие свои изданија, а во една пригода за Гламур откри дека обожава лето, но и да се фотографира и да се пофали со новите модели.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Го обожавам летото и костимите за капење. Секогаш кога имам нов костим за капење сакам да си направам фотографии или некоја снимка за да се пофалам. Се трудам тоа да изгледа с*кси и светски, а не ниско и евтино“, изјави Гавазова во една пригода за Гламур магазин.
Целото интервју со Гавазова прочитајте го тука >>